Предвидувањата за земјата
После 6 месечното бушење на ледот на Гренланд, научниците дојдоа до примероци стари 130.000 години кои ќе им помогнат при утврдувањето околу тоа...
.. каква била климата во тој период и според тоа - да ја проценат нејзината иднина и тенденции.
Примероците од лед се наоѓаат во јадрото на длабочина од 2,5 километри, а првите анализи покажуваат дека тогаш на Земјата било 3-5 степени потополо отколку сега.
Начиниците предупредуваат дека доколку не се намали испуштањето на стакленички гасови, би можеле да се соочиме со зголемување на глобалната температура за 6 степени во однос на пред-индустрискиот период, со што на поголемите делови на нашата планета ќе биде невозможно да се живее.
Санта ледот кој е извлечен во вторникот ќе им помогне на тимот составен од научници од 14 земји, да одговорат на главното прашање: колку ледената површина на Гренланд се има стопено во последните 120.000 години, како последица на глобалното затоплување, односно - колку е зголемено нивото на морињата и океаните.
Она што вистински заплашува е фактот дека климатските промени продолжуваат така што во последниот век, глобалната температура ќе се зголеми за 0,8 Целзиусови степени. Некои научници предвидуваат дека набрзо нивото на морињата и океаните ќе се зголеми за повеќе од метар, така што многу градови ќе бидат потопени, а милион луѓе ќе мораат да бараат посигурни места за живеење.
Ледената површина која денес постои на Земјата, во случај на топење, ќе го подигне нивото на морињата и океаните за вкупно 7 метри.