Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто не можеме сами да се скокоткаме?

Секој од нас има дел од телото кој го скокотка и најчесто лесно може да се пронајде. За некои тоа е позади коленото, под пазувите, на стапалото...

zoshto-ne-mozeme-sami-da-se-skokotkame-01.jpg

А, смеењето е сосема природна реакција кога некој друг ве скокотка.

Научниците велат дека тоа е природна реакција на паника на телото и одбранбен механизам од мали инсекти како пајаци или други бубачки. Кога нè скокоткаат, телото испраќа информации до мозокот од кој ни полазуваат и морници.

Колку помалку очекуваме некој да нè скокотка, толку посилно ќе се смееме. Понекогаш дури и кога знаеме дека ќе нè скокоткаат знаеме да се смееме.

Но, зошто не се смееме кога самите се обидуваме да се скокоткаме?

Научниците велат дека малиот мозок е дел од целокупниот мозок кој нè спречува сами да се скокоткаме. Малиот мозок е делот кој ги следи и мониторира нашите движења, па прави разлика меѓу очекуваните и неочекуваните сензации.

Пример очекувана сензација е кога пишувате на тастатура, но кога некој ќе ви дојде во таа ситуација од позади и ќе ве допре на рамо, тоа е неочекувана сензација.

Токму на таквите допири, мозокот е научен да реагира одбранбено.

За повеќе детали погледнете го видеото:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синдром на жив мртовец и уште 11 чудни медицински случаи со кои се соочиле лекарите „Во психијатриската болница каде што работам, имаше пациентка со таканаречена фа...
Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg