Зошто кравите „имаат“ компас, мачките предат...?
Колку и да мислиме дека добро го познаваме светот во кој живееме, постојат одредени работи кои никој, дури ниту науката, не може да ги објасни.
На, пример:
Предење на мачките
Мачките предат кога се чувствуваат добро, но никој не знае точно зошто. Во грлото на мачките не постои специјален орган кој произведува такви звуци.
Она што е интересно е додека мачките предат, не можете да им го слушнете срцето, ниту пак, белите дробови. Предат континуирано и додека вдишуваат и додека издишуваат.
Појавување на нови видови „од никаде“
Ова е мистерија која ги зачудува научниците веќе многу години - многу видови животни и растенија на планетата буквално како да се појавуваат „од никаде“.
Овие видови немаат предци од кои би можеле да еволуираат.
На пример, водоземците - не се знае точно кога рибите добиле нозе и кога првпат зачекориле на земја.
Ниту пак, е сосема јасно како се појавуваат цицачите после големата катаклизма која се случила пред 65 милиони години и ги уништила диносаурусите.
Компас во кравите
Можеби не сте ни знаеле, но Google Earth откри интересна работа - кравите секогаш се свртени во одредена насока кон југ или север.
Ова е откриено со анализа на многу фотографии и снимки на различни континенти, без разлика на времето или теренот.
Темната материја
Универзумот се состои од околу 27% темна материја - таа не емитира електромагнетна радијација, ниту пак сме во директен контакт со неа. Токму заради тоа, невозможно е да се проучува.
Првите теории за темната материја се појавија пред околу 60 години, ама сè уште нема директен доказ за нејзиното постоење.
Колку планети има во нашиот Сончев систем?
Плутон порано се сметаше за планета, денес е исклучен од нашиот Соларен систем, па остануваме со 8 планети.
Но, никој не е целосно сигурен дали во нашиот систем има само 8 планети.
Голем дел меѓу Меркур и Сонцето останат е неистражен заради силната светлина која се емитира, плус не е истражен и просторот меѓу Нептун и Кајперовиот појас.
Зошто се делиме на левораки и деснораки?
Поголемиот дел од нас се деснораки, поточно околу 70 до 95%, а помал дел се левораки, поточно околу 5 до 30% и само незначителен дел подеднакво можат да ракуваат и со левата и со десната рака.
Но, на ниту еден научник не му е јасно зошто кај сите луѓе не се употребуваат подеднакво двете раце.
Постојат докази дека поделбата е дел резултат на гените, но и на средината. На пример, порано левораките биле учени на сила да ја употребуваат десната рака.
Изумирањето на мегафауната
Заедничко име на сите животни кои чекореле на планетата Земја пред околу 10.000 до 40.000 години е мегафауна.
За нив, научниците сè уште не знаат како изумреле. Некои тврдат дека тоа е заради климатските промени, а други укажуваат на метеор, бидејќи пронајдени се остатоци на мамути кои уште се со храна во устата.
Зошто сонуваме?
Некои луѓе веруваат дека соништата се случајни слики кои се резултат на мозочните импулси, додека пак, други, веруваат дека соништата имаат големо значење.
Но, никој не може со сигурност да потврди зошто точно сонуваме.
Звукот на Вселената
Во 2006-та година, додека научниците ги проучувале ѕвездите, наишле на необичен проблем - звук кој им пречел во истражувањата, а не знаат од што се создава.
Повеќето тврдат дека е комбинација од движење на честичките од разните планети и ѕвезди...
Некои денес тој звук го нарекуваат звукот на Вселената.
Зошто имаме различни крвни групи?
Да, денес знаеме различни крвни групи, но никој сè уште не успеал да објасни зошто имаме различни групи, односно зошто е тоа потребно од еволуциона гледна точка.
Н. Г. | Црнобело