Сакате да научите нов јазик? Земете ги предвид следните пет

Луѓето честопати знаат да кажат дека колку повеќе јазици зборуваш толку повеќе вредиш.

Sakate-da-naucite-nov-jazik-zemete-gi-predvid-slednite-pet-01

Бил Гејтс еднаш изјавил дека една од работите за кои жали најмногу во животот е тоа што зборува само англиски јазик.

Зборувањето на некој странски јазик не само што може да ви биде од огромна корист во работата туку и ви дава шанса одблиску да се запознаете со некоја земја и култура.

Бројни истражувања исто така покажуваат дека луѓето кои зборуваат два или повеќе јазици имаат многу поразвиен мозочен кортекс од оние кои зборуваат само еден јазик.

Ако ве убедивме дека е време да се запишете на некој курс ова се јазиците кои во моментов, покрај англискиот, најмногу се користат низ светот.

1. Шпански

Благодарение на значајните освојувања на Шпанците, шпанскиот јазик денес освен во Шпанија се зборува во речиси цела Централна и Јужна Америка. Неговата сличност со италијанскиот и португалскиот може да ви биде од голема корист доколку веќе го зборувате овој јазик.

2. Португалски

Слично како и со шпанскиот, португалскиот јазик добил голем број на говорители првенствено заради португалските колонии во Бразил. Замислете колку би било забавно да отидете да го посетите карневалот во Рио и да можете да зборувате со локалното население.

3. Мандарински

Од огромниот број на дијалекти кои се зборуваат во Кина, мандаринскиот е јазикот со најмногу говорители во светот, односно околу 1,1 милијарда луѓе во светот го користат овој јазик како јазик за формална комуникација.

4. Арапски

Со сè поголемото развивање на земјите од арапскиот свет овој јазик стана особено популарен особено околу луѓето кои се занимаваат со бизнис. Развитокот кој за неверојатно кратко време го постигна овој дел од светот направи арапскиот да стане важен јазик за остварување економски односи со многу фирми чии седишта се сместени токму во арапските земји.

5. Германски

Имајќи предвид дека Германија има статус на економски лидер во Европа и една од најсилните економии во светот не е ни чудно што германскиот јазик е еден од најпреведуваните јазици.

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg