По грешка измислила батерија која може да трае и до 400 години

Колку пати ви се случило да направите нешто по грешка и на крајот да сфатите дека од тоа произлегло одлично откритие?

Po-greska-izmislila-baterija-koja-moze-da-trae-i-do-400-godini-01

Токму тоа ѝ се случило на Миа Ле Таи, докторанд на Универзитетот во Калифорнија која по игра на случајноста успеала да создаде совршена структура од која може да се изработи батерија која ќе може да се полни и до 200 илјади пати а со тоа и да трае до 400 години.

Истражувачите на универзитетот на почетокот експериментирале со користењето на нановлакна при создавање на батерии, меѓутоа заклучокот до кој дошле бил дека тие се премногу кршливи и нежни и дека лесно ќе се уништат доколку батеријата се полни повеќепати.

Po-greska-izmislila-baterija-koja-moze-da-trae-i-do-400-godini-02

Младата Таи, еден ден, се обидела да прекрие збир нановлакна од злато со манган диоксид и електолитен гел чиј изглед е сличен на плексигласот и резултатот кој го добила бил фантастичен.

Подложувајќи на голем број тестирања Таи докажала дека батеријата навистина може да се полни многу повеќе, а со тоа и да трае многу подолго од конвенционалните батерии кои досега постојат.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg