8 фасцинантни сончеви феномени кои изгледаат како чуда
Полека, но сигурно, на небото имаме можност сè повеќе да уживаме во Сонцето, но дали знаете дека истото често знае и да си поигра со вашите очи?
Токму така, оптички илузии можеме да забележиме и на небото - ретки се, но секогаш со драматични ефекти.
Неколку сончеви феномени кои изгледаат како вистински чуда:
„Сончево хало“
Халото е оптички феномен пандан на виножитото, главната разлика е во тоа што светлината се рефлектира на снежни кристали, не на капки вода.
„Лажно сонце“
Ефект каде ви се чини дека се појавуваат три сонца истовремено.
„Сончев столб“
Оптичка илузија каде се појавува цела или испрекината вертикална линија над или под сонцето, најчесто при заоѓање или изгревање, а настанува кога сончевите зраци се рефлектираат од ситни хексагонални молекули на мраз кои ги има во воздухот.
„Прекршен спектар“
Овој феномен може понекогаш да се забележи во планините кога има магла, а се случува кога гледате на спротивната страна од сонцето.
„Поларна светлина“
Природна појава која се јавува како резултат на судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата и обично се забележува навечер.
„Зелен одблесок“
Зелената светлина се појавува со првите зраци наутро или при зајдисонце. Не само што е тешка да се забележи, туку може да биде опасна за очите.
„Огнено виножито“
Редок атмосферски феномен кој се случува кога сончевите зраци на сонцето кое заоѓа или изгрева се рефлектираат од хоризонтални честички од мраз во облаците.
„Затемнување на сонцето“
Тип на затемнување кој се случува тогаш кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата.
Н. Г. | Црнобело