20 фотографии од 2015 година кои покажуваат дека навистина допревме до ѕвездите
И додека како деца мислевме дека треба само да се искачиме на кровот од куќата и да посегнеме со рацете кон небото како што растевме сфативме дека ѕвездите всушност и не се така блиску.
Годината која изминува ни покажа дека технологијата сепак може да ни ги доближи ѕвездите и да ни помогне да откриеме многу работи за нив а преку тоа и за нашата планета.
Бесконечноста која ја крие небото прави да се чувствуваме барем за момент привилегирани што постоиме. И да, изминатата година ѕвездите навистина ни беа наклонети а следните фотографии ќе ви го покажат тоа:
Маглината Медуза во соѕвездието Близнаци е галактички остаток од супернова, ѕвезда која можеби експлодира пред околу 30.000 години.
Кентаур А е една од најблиските активни галаксии до нас. Тоа е оддалечена 12 милиони светлосни години од Земјата.
Метеорскиот дожд Персеиди над Националниот парк Рејнер.
Ова е нова перспектива на познатата ѕвездената лулка „Столбови на создавањето“. Темните области претставуваат ѕвезди кои наскоро ќе започнат да светат.
Ѕвездено јато Вестерлунд 2 во Карина е оддалечено од Земјата 20.000 светлосни години, а се состои од 3.000 ѕвезди.
Овие се соларните пламени од 12 јануари 2015 година. Нивната моќ е еднаква на 160 милијарди мегатони експлозив. Оваа моќ е толку огромна што не може да биде реплицирана од страна на луѓето.
Овој темен објект во средината на црвената маглина е уште една маглина. Поради својот облик е познат како маглина Коњска глава.
Супернова ГК Персеа
Плутон е најпознатата џуџеста планета во Сончевиот систем.
Маглината Розета е најпознатиот вселенски облак направен од гас и прашина, а неговата форма е слична на цвет.
Уште 10 фотографии на следната страна...