Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Користиме 10% од мозокот?

Иако никогаш не е научно докажано, луѓето уште од минатото зборуваат и веруваат во тезата дека користиме само 10% од својот мозок, така...

 

... што аналогно околу 90% од мозкот останува неискористен.

За жал, новите истражувања покажуваат дека оваa теза не е точна. Различните прегледи на функционирањето на мозокот, ЦТ скенирањата, МРИ скенерите и многу други останати напредни техники покажаа дека не постои ниту еден дел од мозокот кој е потполно тивок или неактивен. koristime-samo-10-od-mozokot1

Се работи за ралично ниво на активност на различни делови на мозокот, но ниту еден од нив никогаш не е комплетно пасивен и неактивен. Дури ни кога спиеме.

Ако користиме само 10% од мозокот, значи ли дека ако ги отстраниме останатите 90% ќе можеме сосема нормално да функционираме?

- Математиката е следна: ако просечниот човечки мозок тежи 1.400 грама и 90% од него се отстранат, тогаш ни остануваат 140 грама на мозочно ткиво. Тоа е речиси иста големина со мозокот кај овците.

Добро потсетете се дека повреда и на релативно мал дел од мозокот, да речеме на пример - предизвикана од мозочен удар, може да предизвика застрашувашки последици.

Некои невролошки нарушувања како што е Паркинсовата болест, исто така влијае на само одредени делови од мозокот. Последиците предизвикани од овие нарушувања се далеку помалку од повреда на 90% од мозокот.

Многу повеќе од 10%  користи мозокот во секој миг. Па без разлика што звучи многу депресивно, луѓето веројатно се многу блиску до својот максимум и ги користат речиси сите делови од мозокот и неговиот вкупен потенцијал.

Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...
„Златната ера“ на НАСА: Ретки фотографии од вселенската трка и првите патувања во вселената Првата вселенска прошетка на астронаут од Америка, Баз Олдрин се подготвува да с...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...
Синдром на жив мртовец и уште 11 чудни медицински случаи со кои се соочиле лекарите „Во психијатриската болница каде што работам, имаше пациентка со таканаречена фа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg