Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 2025-та?

Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради проблеми со леталото кое треба да ги врати на Земјата. А, нивниот престој, кој веројатно ќе биде продолжен до 2025-та, е далеку од удобен…

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-01.jpg

Веќе две децении се извршуваат успешни мисии на Меѓународната вселенска станица.

Бројни астронаути престојувале на станицата и безбедно се враќале на Земјата, но двајца астронаути што моментално се наоѓаaт таму, веројатно ќе биде „заглавени“ до следната година.

Во јуни годинава, астронаутите беа лансирани до станицата на мисија која требаше да трае осум дена.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-02.jpg

Но, поради проблеми со леталото Boeing Starliner, астронаутите нема како да се вратат на Земјата.

Моментално леталото е прикачено за станицата (се гледа на фотката подолу), но не може безбедно да ги врати назад.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-10.jpg

Во средата (07.08), од НАСА изјавија дека астронаутите Бач Вилмор и Суни Вилијамс можно е да останат на станицата до февруари 2025 година, доколку не успеат да го поправат леталото порано.

Во февруари следната година е планирана друга мисија, со друго летало, на кое ќе има место за Бач и Суни.

Рекордот за најдолг непрекинат престој на станицата е 371 ден и му припаѓа на астронаутот Франк Рубио.

Но, само затоа што некои астронаути поминале повеќе од една година во вселената, не значи дека станицата е пријатно место за живот, особено ако астронаутите мислеле дека ќе се вратат за нешто повеќе од една недела.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-03_copy.jpg

Па, како изгледа животот на заглавените астронаути?

Многу мал простор за спиење

Поради микрогравитацијата, во станицата е невозможно да се спие на кревет, како на Земјата.

Па, астронаутите имаат „станици за спиење“, а просторот на располагање е колку телефонска говорница со кабина (како оние во Лондон).

Тие спијат во вреќи за спиење кои се закачени на ѕидот и самите мораат да бидат добро прицврстени во вреќата за да не „одлетаат“.

Покрај тоа, поради бројните машини, во станицата постојано има некаква врева, па астронаутите мора да носат тампони за уши.

Истовремено, на станицата нема ден и ноќ бидејќи ја обиколува Земјата 16 пати во еден ден.

Па, тие треба да носат и маска на очите за да го натераат мозокот да мисли дека е ноќ.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-04.jpg

Не можат да се тушираат

Очигледно, водата се однесува многу поразлично во микрогравитација, што значи туширањето е невозможно.

Кога сакаат да се истушираат, астронаутите користат влажна, а потоа сува крпа за телото.

За косата користат специјален шампон кој не треба да се плакне – нешто како шампон за суво миење.

Миењето заби им е полесно, но не смеат да ја плукнат водата каде било, туку во посебни садови кои ја заробуваат внатре.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg