Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 2025-та?

И одењето во тоалет е предизвик

И за тоалетните школки е потребна вода – нешто што не е изводливо во микрогравитација.

Па, астронаутите користат специјално дизајнирани тоалети со вакуум.

Тоалетот е дизајниран така што го компресира и дехидрира изметот, додека течната урина се филтрира и прочистува, со што се трансформира во вода за пиење.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-06.jpg

Работат по 16 часа дневно

Нормално, најголемиот дел од времето на станицата астронаутите го поминуваат во работење.

Смените им траат по околу 16 часа, со паузи за јадење.

Нивните обврски вклучуваат одржување на станицата, изведување експерименти, а некогаш и „вселенски прошетки“, надвор од неа.

Астронаутите кои се заглавени на станицата ќе си продолжат со активностите кои инаку би ги вршеле други астронаути, а споделија и дека периодов ги следат Олимписките игри за да го пополнат слободното време.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-07.jpg

Консумираат дехидрирана храна и никако не смеат да пијат алкохол

Со цел да зафаќа помалку простор и да трае подолго, голем дел од храната на астронаутите е дехидрирана.

Во станицата тие сами додаваат вода во амбалажите и потоа ја загреваат.

Некогаш имаат и свежи продукти, но тие сепак се реткост.

Резервите на храна на станицата се дополнуваат на секои 2-3 месеци, со летало без екипаж.

Очекувано, пиењето алкохол во станицата е забрането бидејќи астронаутите секогаш треба да бидат подготвени да се справат со потенцијални проблеми.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-08.jpg

Мораат да вежбаат двапати дневно

Мускулите лесно можат да атрофираат во микрогравитација, па астронаутите мора да вежбаат.

Тие имаат специјално дизајнирани справи за вежбање, како статични велосипеди.

Двајцата астронаути на станицата се пофалија дека деновиве си организирале и „Олимписки игри во бестежинска состојба“ за да си го одвлечат вниманието од ситуацијата со којашто се соочени.

ne-smeat-da-se-tushiraat-kako-izgleda-zhivotot-na-astronautite-koi-se-zaglaveni-vo-vselenata-do-2025-ta-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg