Eден љубовен роман за секој хороскопски знак

Кој сака да чита приказни за принц на бел коњ, а кому ќе му се допаднат ексцентрични бајки раскажани од перспектива на негативците? Кој нов романтичен роман треба да го прочитате според карактеристиките на вашиот хороскопски знак?

po-eden-romantichen-roman-za-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Според карактеристиките на хороскопските знаци може да се претпостави и кој романтичен роман може да му се допадне на секој од хороскопските знаци.

Во продолжение погледнете 12 предлог книги за секој хороскопски знак:

Овен: „Коефициент на љубовта“ - Хелен Хоанг

По природа се натпреварувачки настроени и секогаш бараат можност да докажат дека се во право, па затоа романот „Коефициент на љубовта“ за храбрата Стела ќе им се допадне.

Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сè, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка, знае сè за алгоритмите, но не знае ништо за романтиката.

Таа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сè што може да се научи за сексот и врските.

po-eden-romantichen-roman-za-sekoj-horoskopski-znak-13.jpg

Бик: „Војводата и јас“ - Џулија Квин

Биковите се упорни и тврдоглави, а уживаат во историски романси, во кои може да се преселат во некое дамнешно, минато време.

Приказната за Дафне Бриџертон и војводата од Хејстингс дефинитивно ќе им се допадне на припадниците на овој хороскопски знак.

Сите ја сакаат Дафне поради нејзината добрина и хумор. Но никој не ја посакува вистински. Таа е премногу искрена за да ги игра романтичните игри кои ги играат другите млади дами за да освојат добар маж.

За војводата од Хејстингс дефинитивно не може да се каже дека е пријателски настроен. Кога се враќа во Англија од долгите патувања низ светот, тој планира да се дистанцира од бракот и општеството, но добива нова идеја кога ќе ја запознае сестрата на својот најдобар пријател.

Ако Дафне се согласи да се преправаат дека тој ѝ се додворува, Сајмон ќе се спаси од напорните мајки кои парадираат пред него со своите ќерки, а Дафне значително ќе ја подобри својата репутација и бројката на додворувачи.

po-eden-romantichen-roman-za-sekoj-horoskopski-znak-03.jpg

Близнаци: „Книгољупци“ - Емили Хери

Како мошне дружељубиви луѓе со необична способност да започнат некоја врска, а потоа да побегнат, на Близнаците им се допаѓаат приказните за луѓето што имаат проблем да останат посветени на една врска.

Исто така мошне ги интересираат и приказните што зборуваат за различните начини на комуникација меѓу луѓето, па во тој контекст би им била забавна оваа приказна.

Сиот живот на Нора Стивенс се врти околу книгите. Таа постојано налетува на Чарли Ластра, намуртениот книжевен уредник од Њујорк.

Тоа би звучело мошне симпатично да не е фактот дека во минатото веќе се среќавале и средбите, најблаго кажано, никогаш не поминувале најдобро...

po-eden-romantichen-roman-za-sekoj-horoskopski-znak-07.jpg

Рак: „Господин вообразен“ - Вај Киленд, Пенелопи Вард

Како мошне емотивни знаци, многу лесно ќе се пронајдат во приказната за „Господин вообразен“ на Вај Киленд и Пенелопи Вард.

Како оваа ексцентрична хероина ќе успее да го стопи каменото срце на познатиот бизнисмен и да покаже дека спротивностите навистина се привлекуваат?

Како една случајна средба во метрото ќе ѝ помогне да ја запознае љубовта на својот живот?

po-eden-romantichen-roman-za-sekoj-horoskopski-znak-04.jpg

Лав: „Грешката“ - Ел Кенеди

Познати како луѓе што сакаат секогаш да бидат во фокусот на вниманието, Лавовите ги обожаваат приказните и за луѓето што мора да се маскираат и да се кријат за да не покажат дека длабоко во себеси се несигурни.

Во тој контекст сигурно ќе им се допадне приказната на Ел Кенеди.

Студентот од трета година, Џон Логан, може да ја добие секоја девојка што ќе ја посака.

За оваа хокејска ѕвезда, животот е низа забави и врски за една вечер, но зад неговите неодоливи насмевки и ноншалантен шарм се крие сè поголемиот очај поради ќор-сокакот во кој ќе се најде по дипломирањето.

Возбудливата вечер што ќе ја помине со бруцошката Грејс Ајверс е токму она што му е потребно за да му ги одврати мислите од проблемите.

po-eden-romantichen-roman-za-sekoj-horoskopski-znak-05.jpg

Девица: „Статистичка веројатност на љубов на прв поглед“ - Џенифер И. Смит 

Логични, практични и систематични, Девиците обожаваат сè што значи ред и организација. Во тој контекст многу ќе им се допадне романот во кој се зборува за тоа како четири минути можат да сменат сè во животот.

17-годишната Хедли треба да присуствува на втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, но поради доцнење од само четири минути, Хедли го испушта својот лет.

Оливер, 18-годишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сè.

po-eden-romantichen-roman-za-sekoj-horoskopski-znak-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
Најдобрите љубовни романи на сите времиња (според кои се снимени и филмови) Можете да прочитате некои од безвременските љубовни класици, или пак да им дадет...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg