Eден класичен роман за секој хороскопски знак (и зошто токму тој)
Кој класичен роман му одговара на вашиот хороскопски знак?
Ако сте љубител на класични литературни дела можеби некои од овие романи веќе сте ги прочитале.
Дали ве интересираат авантури или приказни во кои нагласено се говори за разликите меѓу различните слоеви во општеството?
Според астролозите, изборот на литература може да се предвиди и врз основа на вашиот хороскопски знак.
Погледнете кој класичен роман би требало да го прочитате според вашиот хороскопски знак:
Овен: „Господарот на мувите“ – Вилијам Голдинг
Ова е приказна за тоа што се случува со луѓето, односно децата, што ќе бидат препуштени сами на себе, без влијание на општеството.
Приказната за момчињата што сосема случајно ќе се најдат на пуст остров, може да им се допадне на бунтовните Овни.
Бик: „Големиот Гетсби“ – Френсис Скот Фицџералд
Бикот е хороскопски знак што копнее за луксуз и романтика, па оттука, сосема разбирливо е што ним најмногу ќе им се допадне приказната за Џеј Гетсби кој целиот свој живот ќе го посвети на тоа да заработи доволно за да ја импресионира жената што му се допаѓа.
Близнаци: „Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд
За целиот свет, Доријан Греј е прекрасен, млад човек, додека неговиот портрет старее и се распаѓа.
Оваа приказна ја доловува токму онаа подвоеност и дилема што е мошне привлечна за Близнаците како хороскопски знак кој секогаш е подготвен да ја преиспитува смислата на човековото постоење.
Рак: „Малите жени“ – Луиза Меј Алкот
Приказна што треба да нѐ потсети дека иако некогаш не можеме да ги поднесеме луѓето со кои сме во роднински односи, нашата љубов за нив секогаш победува. Овој класичен роман е совршен за емотивните Ракови на кои семејството им е пред сѐ.
Лав: „Лавот, вештерката и ормарот“ - К.С. Луис
Лавот е вечно дете, што никогаш не сака да порасне, па затоа романите од „Летописите на Нарнија“ се книги што може да ги чита во секое доба од животот.
Фантастичната приказна му нуди бегство од здодевниот свет на возрасните и му овозможува секогаш да заплови во нов фантастичен свет.
Девица: „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин
Љубовната приказна за Елизабет Бенет и Дарси е омилена меѓу Девиците. Дејството се случува во време во кое жената мора да научи како да се придржува до одредени правила што важат за различните општествени слоеви во општеството, а богатиот речник и карактерите на ликовите се нешто на што овој хороскопски знак не може да одолее.