Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прибежиште - Николас Спаркс

kniga-na-nedelata-pribeziste-povekjeИма ли нешто поубаво од уживање на плажа со добра книга во рацете? Сонце, наочари, коктелче, плажа и песок со одлична приказна во вашите раце.


Во соработка со издавачката куќа „Просветно Дело“ еднаш во неделата ќе наградуваме по еден од вас.

Во петок 15.07.2011 ќе биде објавен првиот добитник на книгата „Прибежиште“ од Николас Спаркс.

Која е вашата задача?

Испратете ни го вашиот предлог со книга која би ја препорачале на нашите читатели со краток опис зошто на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Добитникот ќе биде објавен во Петок во 12 часот.

Добитник на книгата „Прибежиште“ е Маја Илиоска од Скопје. Книгата може да се подигне во книжарницата на Просветно дело 2, во центар во редот на слаткарницата Малага (со документ за идентификација).

Сите останати добри предлози ќе бидат објавени. Наредната недела ве наградуваме повторно!

Покрај наградите најдобрите препораки ќе бидат објавени и на CRNOBELO.com како предлог за книги кои вредат да се прочитаат.

Од богатата понуда на наслови за ова лето, од издавачката куќа Просветно дело ги издвојуваат трите хит-романи на Николас Спаркс “Последната песна“, “Прибежиште“ и “Драги Џон“.

Станува збор за два од шесте веќе филмувани наслови на еден од најпродаванате американски писатели, и за еден (Прибежиште) кој е планиран за адаптација на големото платно оваа година. Доколку се решите да “фатите сенка“ и да уживате во романите на Николас Спаркс, еве накусо за што станува збор...

“Последната песна“ е трогателна приказна за 17-годишната Рони, која се обидува да му даде втора шанса на својот отуѓен татко истовремено ги искусува најголемата среќа - љубовта, но и најголемата болка - загубата.

Во “Прибежиште“ ја запознаваме мистериозната Кејти која се населува во малото гратче Саутпорт и токму кога решава да и` дозволи на љубовта да и` го освои срцето, почнува да ја прогонува мрачната тајна од нејзиното минато.

Само што ќе се пријави во Армијата, Џон ја запознава девојката од соништата - Савана. Но, настаните од 11 септември менуваат се`. Савана се мажи за друг.  “Драги Џон,“, се двата збора со кои едно срце е скршено, а два животи променети засекогаш.

kniga-na-nedelata

Би можело да ве интересира:

3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...
Интересни книги од регионални автори кои нема да можете да ги оставите Приказна за адвокат кој се наоѓа во санаториум, тинејџерска книга која ќе ве зам...
Три (контроверзни) книги за префинети читатели Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти “Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg