Три морничави трилери кои ќе ви ја „оладат крвта“ на жешкото време
Многу пати сме биле сведоци како ни се наежуваат сите влакненца на вратот, нè облева студенило и ладна пот? Можеби токму тоа ни е потребно на овие пеколно жешки температури.
Три одлични, морничави трилери кои ќе ви ја заледат крвта и ќе ве оладат на топлото време. Задолжително одвојте време за:
Девојчето, 11 – Ејми Сутер Кларк
Ел Кастиљо води поткаст кој обработува теми за вистински злосторства и со декади е опседната со Убиецот Одбројувач. Пред 20 години, тој има киднапирано и убиено 3 девојчиња во рок од по седум дена, секоја од нив помлада од претходната.
Никој не знае зошто тој ја следи оваа грозоморна шема, ниту пак зошто киднапирањата и убиствата нагло престанале по единаесетта жртва. Повеќето сметаат дека тој е мртов. Но Ел знае дека не е така и цврсто е решена да се избори за историска правда.
Призрак во ноќта – Тес Геритсен
Ава Колет се казнува себеси поради неискажана трагедија. Затоа бега од Бостон и изнајмува стара куќа на крајбрежјето на полуостровот Мејн, надевајќи се дека ќе работи на својата нова книга што се обидува да ја заврши со месеци. Веднаш ќе почувствува мир во изолираната куќа сè додека не започне да слуша чудни звуци.
Постојат гласини дека морскиот капетан Броди ја опседнува куќата со децении. Истовремено се случува низа ненадејни смртни случаи што не се обзнанети. И кога Ава почнува да го проверува загадочното исчезнување на претходниот закупец, почнува да сфаќа дека има вознемирувачка тајна во градот која очајнички се чува…
Девојката од мочуриштето – Дилија Овенс
Гласините за Девојката од мочуриштето со години кружат низ Баркли Коув, тивкото гратче на брегот од Северна Каролина. Кога кон крајот на 1969 година богатиот Чејс Ендруз ќе биде пронајден мртов, сомнежот на мештаните веднаш паѓа врз Каја Кларк, таканаречената Девојка од мочуриштето.
Меѓутоа Каја не е онаква каква што ја опишуваат. Чувствителната и остроумна девојка со години живее сама во куќичката на брегот на мочуриштето што го нарекува дом, спријателувајќи се со галебите и откривајќи ги животните лекции во песокот. Но доаѓа време кога почнува да копнее по љубов и прегратка.
Кога нејзината дива убавина ќе маѓепса двајца младичи од градот, Каја го отвора срцето за новиот живот ‒ но тогаш се случува незамисливото.
(О)Милена | Црнобело