Зашеметувачко морничави трилери кои ќе ве остават со подотворена уста

Сите читатели кои се во потрага по доза адреналин, уживаат во правење сопствени сценарија и претпоставки за развојот на дејствието и крајот на книгите ќе уживаат во овие три загадочни и возбудливи трилери.

Zashemetuvacko-mornichavi-trileri-01.jpg

Замислете некој да ви го киднапира детето за време на забавата која ја организирате во вашиот дом… една мајка која го убива 4-годишното синче без никакво објаснување… или во текот на најобично планинарење на откриете коски од човечка рака… морничаво, нели?

Некој близок – Кара Хантер

Кога осумгодишната Дејзи Мејсон исчезнува од својот семеен дом во Оксфорд за време на забава со маски, инспекторот Адам Фоли знае дека во девет од десет случаи, киднаперот е некој близок на семејството.

А семејството на Дејзи дефинитивно е чудно – мајка ѝ е опседната со впечатокот што го оставаат пред другите, а татко ѝ е ладен и одбранбено настроен за време на испрашувањето. А тука е и помалото братче на Дејзи, толку повлечен и некомуникативен…

Zashemetuvacko-mornichavi-trileri (1).jpg

Реконструкција – Викторие Ханишова

Мајка го убива својот 4-годишен син и се самоубива, без да остави проштално писмо ниту какво било објаснување на трагичниот настан. По смртта на братчето и мајката, Елишка расне со 10-годишна празнина наместо детство. Нејзиниот живот се распаѓа на два дела: едниот го живее деветгодишното девојче во нормалното четиричлено семејство, а другиот го живее студентката Елишка, која одлучува да го расветли кобниот настан.

Зошто мајка ѝ го направила тоа? Зошто ја поштедила Елишка? Зарем мајката може да го убие сопственото дете? Какви причини треба да постојат за тоа? Тоа се само дел од прашањата што читателот се обидува да ги одговори заедно со Елишка во текот на овој несекојдневен и зашеметувачки роман.

Zashemetuvacko-mornichavi-trileri (2).jpg

Гробот на планината – Михаел Јорт и Ханс Розенфелт

Уште едно прекрасно дело од серијалот за криминалистичкиот профајлер Себастијан Бергман. Ова е приказна за две жени кои планинарејќи ќе се загубат откривајќи коски од човечка рака. Локалната полиција пристигнува на местото на злосторството, но не наоѓа едно туку шест тела.

Помеѓу скелетите се и две деца, сите убиени со истрели во главата. Не постои сведок, нема траги и никој не пријавил исчезнување. Истрагата ја презема Торкел Хеглунд, а повикан е и криминалистичкиот психолог Себастијан Бергман. Идентитетот на жртвите е енигма, а кога успеваат да пронајдат трага, некој на висока положба по секоја цена сака да ги прикрие овие смртни случаи…

Zashemetuvacko-mornichavi-trileri (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg