„Сестрата создадена од бура“ и уште 2 авантуристички книги кои ќе ги голтнете во еден здив
Хенри Милер рекол дека „Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“ А понекогаш на душата ѝ треба малку авантура со цел да го размрдаме мозокот.
Сите вие кои уживате во жанрот авантура дефинитивно нашите три предлози ќе ги проголтате во еден здив:
А Бабукар одеше на чело – Џовани Доѕини
Овој роман е италијанскиот добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2019 година. Се работи за современа италијанска приказна за четворица млади луѓе од различни африкански земји, кои едно лето ќе се најдат во Перуџа во потрага по поубава илузија.
Во низа епизоди, романот раскажува за недофатливата нормалност на достоинствениот живот и за она што доселеничкиот живот го содржи: стравовите, желбите, носталгијата.
Зло под сонцето – Агата Кристи
Херкул Поаро е на одмор во еден повлечен луксузен хотел во Девон, на југот на Англија. Но, во хотелот преовладува атмосфера на тензија. Меѓу гостите е и убавата Арлена Стјуарт Маршал, поранешна актерка и сопруга на капетанот Кенет Маршал, која отворено флертува со сопругот на Кристин Редферн, Патрик.
Според Арлена, бракот не треба да биде пречка за малку забава на страна. Така, еден ден таа се упатува на тајно рандеву во Заливот на Пикси, но веќе напладне ја пронаоѓаат мртва, задавена. Кој е виновникот?
Сестрата создадена од бура – Лусинда Рајли
Втората книга од серијалот за Седумте сестри ја следи приказната за Али Д’Аплиез којашто се подготвува за натпревар во една од најопасните трки на јахти во светот. И, тогаш дознава за загадочната смрт на нејзиниот татко – посвоител.
Бидејќи животот ѝ се превртува наопаку, таа решава да ја напушти морската шир и следејќи ја трагата што ѝ ја оставил татко ѝ да отпатува во ледените предели на Норвешка со цел да ја открие загатката на своето потекло.
(О)Милена | Црнобело