Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Книги поради кои ќе се засакате себеси и животот

Што кога самиот одраз во огледалото ви е одбивен? Што кога не можете повеќе да поднесете да сте во сопствената кожа? Кога животот ве прегазува, кога проблемите се натрупуваат и се чини дека нема никаков излез?

Knigi-poradi-koi-ke-se-zasakate-sebesi-i-zivotot-01.jpg

Овие 5 книги ќе ви помогнат да ја пронајдете повторно смислата, да се охрабрите, да се мотивирате и насмеете и да си потврдите дека – вие сте најбитните.

Па затоа е потребно да се засакате прво себеси, а потоа животот и сите останати луѓе:

Храбри наместо совршени – Решма Саџани

Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на TED talk, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста. Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на Инстаграм или што мислат комплетните туѓинци за вас.

Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат?

knigi-poradi-koi-ke-se-zasakate-sebesi-i-zivotot-4.jpg

Четириесет правила на љубовтa – Елиф Шафак

Ела Рубинстајн е 40-годишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш-скитник познат како Шемс од Тебриз.

Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од загадочниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

knigi-poradi-koi-ke-se-zasakate-sebesi-i-zivotot-5.jpg

Спомените на бабичката Лу – Викторија Адамс

Емотивна книга во која се испреплетуваат неколку трогателни животни стории. Паралелно со спомените од минатото на осамената старица Лу следиме две прекрасни и топли љубовни приказни, а ја откриваме и големата тајна од нејзината младост.

Минатото и сегашноста си поигруваат во овој возбудлив роман, оставајќи нè без зборови пред сите животни одлуки и перипетии со кои се соочуваат ликовите. Обични, но исклучителни животи; секојдневни, но посебни луѓе; различни животни судбини поврзани низ спомените на една добродушна бабичка.

Knigi-poradi-koi-ke-se-zasakate-sebesi-i-zivotot (3).jpg

Овој живот од триесет и некоја – Џон Ренс

Хари Спенсер е наставник по историја кој обожува грицки и е престрашен поради стареењето. Кога неговата жена Емили ќе му соопшти дека е бремена, Хари e втурнат во улогата на иден татко, иако воопшто не е подготвен за тоа.

Искрен, пријатен и духовит, ова е дневник за едно невешто патување на мажот кон зрелоста. Романтична комедија за секој кој е, или кој еден ден веројатно ќе порасне.

knigi-poradi-koi-ke-se-zasakate-sebesi-i-zivotot-.jpg

Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден – Рафаела Жордано

Во еден преломен момент Камиј, хероината на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката.

Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сè што ти пречи да се кренеш“.

Knigi-poradi-koi-ke-se-zasakate-sebesi-i-zivotot (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 лесни и страстни романи што ќе ги прочитате во еден здив Џенифер Пробст ја напишала својата прва книга на 12 години. Ја однела во училишт...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg