Три книги за човечноста што ќе ви го стоплат срцето во оваа студена есен

„Добрите книги не ги издаваат сите свои тајни веднаш“, ќе каже Стивен Кинг, а ние целосно се согласуваме со него.

Tri-knigi-za-chovechnosta-01.jpg

Овие книги се вистински книжевен деликатес, освојуваат од првата страница, ве вовлекуваат во свет на ликови каде што доминира човечката природа.

Нема да може да ги оставите настрана додека не ја завртите и последната страница.

Во оваа студена есен, прочитајте нешто убаво и топло:

Солта во морето – Рута Шепетис

Се ближи крајот на Втората светска војна и илјадници бегалци очајнички тргнуваат кон прегратките на слободата. Помеѓу нив се и Јоана, Емилија, Флоријан, чии патишта се вкрстуваат на пат кон „Вилхелм Густлов“, брод кој ветува спас.

И баш кога им се чини дека слободата е на дофат на раката, доаѓа до незамислива трагедија. Преоптоварениот брод, наменет за 1.800 патници, а натоварен со над 10.000 луѓе, почнува да тоне и сите тие, возрасни и деца, богати и сиромашни, мораат да се борат за истото: за своите животи.

Tri-knigi-za-chovechnosta (3).jpg

Хотел Тишина – Ојдур Ава Олафсдотир

Јонас се чувствува како неговиот живот да завршил. Сопругата го оставила, мајка му сè повеќе тоне во деменција, а неговата ќерка веќе не е истата.

Така што, тој смислува сигурен план: да купи билет во еден правец до хаотичната земја опустошена од војна и да стави крај на сè.

Но, откако ќе пристигне во хотелот „Тишина“, тој сфаќа дека неговиот план – и неговата анонимност – започнуваат да се растопуваат под странското сонце.

Јонас мора да одлучи дали навистина сака да остави сè зад себе или да му даде на животот уште една шанса, иако претстои еден сосем неочекуван пат.

Tri-knigi-za-chovechnosta (1).jpg

Мапирање на сол и ѕвезди – Зејн Џухадар

Летото 2011 година, кога таткото на Нур починува, нејзината мајка одлучува дека е време да го напуштат Њујорк и да му се придружат на семејството во Сирија.

За среќа, Нур има начин со духот засекогаш да остане со својот татко: под смоквата во нивната градина во Хомс таа ја шепоти нивната омилена приказна и се надева дека таа ќе стигне до местото каде што е погребан татко ѝ.

Таа приказна што постојано ја повторува е приказната за Равија, девојче од дванаесеттиот век, кое преправена во момче станува ученик на најпознатиот средновековен картограф Ал-Идриси…

Tri-knigi-za-chovechnosta (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg