Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Прашалникот е половина срце“ + уште 2 нови книги кои ќе ве освојат од првата до последната страница

„Ако читате само книги што сите други ги читаат, ќе го мислите само она што сите други го мислат.“ Доколку сè уште не можете да најдете време за читање, макар и само 10 страници дневно, навистина многу губите во животот.

Prasalnikot-e-polovina-srce-01.jpg

Особено кога станува збор за овие нови, интересни наслови, кои ќе ви го освојат вниманието од првата до последната страница:

Прашалникот е половина срце – Софија Лундберј

Елин Боулс има совршен живот. Таа е една од најуспешните фотографки во Њујорк, мажена за прекрасниот Сем, со кого ја има 17-годишната ќерка Алис. Сепак, оваа слика е само фасада.

Еден ден Елин добива писмо од Готланд, мал остров во близина на Шведска, каде што го има поминато своето сиромашно детство. Писмото е глас од минатото, кое Елин со сите сили се труди да го заборави бидејќи носи мрачни тајни што своевремено ја натерале да се отсели од родниот крај.

Prasalnikot-e-polovina-srce (2).jpg

Сестрите од Версај – Сали Кристи

Низ дворските кулоари кружат приказни дека на младиот крал Луј XV по 7 години брак му здодеала неговата сопруга. Сега сите дворјани се трудат да му пронајдат соодветна љубовница на кралот.

Семејството Нел надалеку е познато по убавината на петте сестри, а четири од нив ќе се најдат во кралската прегратка. Во годините што следат, слатката и наивна Луиз, амбициозната Полин, волшебната Дајан и проникливата Мери Ен ќе се соочат со многу страдања, завери и интриги за да се изборат за својата љубов и моќта што ја посакуваат.

А петтата? Петтата сестра сум јас…

Prasalnikot-e-polovina-srce (3).jpg

Некој друг живот – Јелена Бачиќ Алимпиќ

Близначките Ирене и Марта ван дер Линден безгрижно ги минуваат детството и младоста во живописното гратче Харлем на досег на Амстердам. По изгледот речиси идентични, по карактерот непомирливо различни, нераскинливо се поврзани една со друга.

Но, нивниот татко, ценет доктор, чува тајна која може да ја уништи семејната среќа… Сето ова еден ден ќе биде минато.

Prasalnikot-e-polovina-srce (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg