Загадочни трилери и акции кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате докрај
Постојат многу книжевни жанрови кои имаат потенцијал да ве остават без сон, но се чини дека тоа најдобро го прават мистериозните крими трилер и акции.
Едноставно нема да можете да ја испуштите книгата од раце додека не ја затворите и последната страница.
Овојпат за вас имаме 3 нови предлози од овој жанр кои несомнено ќе ви ги исполнат денот и ноќта:
Во окното на лифтовите – Линвуд Баркли
Сè започнува еден понеделник, кога четворица странци влегуваат во лифт на Менхетен. Секој од нив го притисна копчето за својот кат. Но, лифтот продолжи да се качува до врвот. Таму запира неколку секунди и потоа вртоглаво паѓа, директно на подот од окното. Во вторникот се случува истото.
А кога средата ќе донесе уште една ваква трагедија, Њујорк, највертикалниот град на светот потонува во безредие и хаос.
Но, каква врска имаа сите овие незгоди со мртвиот маж без прсти најден на Хај лејн? Детективите Хери Бурк и Луис Делградо почнуваат трка со времето. Трка во која мораа да најдат одговори пред големото шоу закажано за петок.
Патниците – Џон Марс
Замислете дека се возите во кола која управува самостојно, кога одеднаш вратите се заклучуваат, рутата автоматски се менува и ја губите целата контрола над возилото.
И тогаш, преку звучниците, загадочен глас ви вели: „Наскоро ќе умреш“. Баш кога светот конечно почнува да добива сè поголема доверба во возилата кои управуваат сами, осум лица се наоѓаат во страшна ситуација кога нивните самостојни возила се хакирани и добиваат програмски насоки да се судрат во една точка за одредено време.
Кој од патниците ќе преживее, а кој ќе умре, одлучуваат гласачите од социјалните мрежи. Јавноста треба да гласа и да пресуди кој од нив треба да преживее, но со секоја следна страница сфаќаме дека ниту еден од патниците не е она што се претставува на почетокот…
Повикот на кукавицата – Роберт Галбрајт
Една снежна вечер, манекенката Лула Ланди ќе падне од балконот на својот апартман. Нејзиното проблематично однесување ќе ја наведе јавноста да заклучи дека станува збор за самоубиство. Меѓутоа, нејзиниот брат не го дели општото мислење.
Тој го најмува приватниот детектив Корморан Страјк да го испита случајот. Страјк е воен ветеран, со многу проблеми и на физички и на психички план.
Случајот го втурнува во светот на мултимилионерските убавици, рок-естрадата и очајните дизајнери, свет исполнет со разновидни задоволства, искушенија, пороци и заблуди. Откривајќи шокантни тајни, детективот ќе влезе во срцето на опасноста.
(О)Милена | Црнобело