Три неверојатни трилери исполнети со мистерија кои ќе ве држат будни до утрото
Достоевски рекол: „Учете и читајте сериозни книги. Животот ќе се погрижи за останатото.“ Па додека чекаме да помине целиот хаос кој го преживуваме во овој период, добро е да прочитаме некоја книга и да се надградиме.
Доколку сте љубители на трилерите исполнети со доза мистерија, го имаме „лекот“ за вас:
Ана – Николо Аманити
Пред четири години, опасен вирус од Брисел ја заразил целата планета и го убил возрасното население. Останале само децата. Организирани како детски орди, малите жители ја започнуваат цивилизацијата од нула. Вистинско дистописко општество.
Пред да почине мајката на Ана, таа ги предупредува децата дека кога ќе достигнат одредена зрелост, вирусот ќе ги убие. Но некој, некаде, ќе има лек за нив…
Единственото сеќавање на Флора Бенкс – Емили Бар
17-годишната Флора Бенкс има амнезија. Сè што ѝ се случува, го заборава многу брзо. Постојано се обидува да се сети на минатото. Но, една вечер ќе го бакне Дрејк и бакнежот ќе промени сè. Таа се сеќава токму на тој бакнеж.
Тоа е првото сеќавање што успева да го зачува од својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол, на Арктикот. Ќе успее ли Флора да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли тој да си го врати паметењето? Ќе успее ли љубовта да ја победи амнезијата?
И тогаш, таа исчезна… - Лиса Џул
Десет години по исчезнувањето на ќеркичката Ели, нејзината мајка, Лорел Мек, се обидува повторно да живее нормално, откако во едно кафуле ќе запознае шармантен човек. Пред да сфати што, всушност, се случува, таа се запознава со ќерките на Флојд, а помалата, Попи, ќе ја остави Лорел без здив.
Затоа што тоа мало и прекрасно девојче Попи е речиси копија на Ели. Дали таа избегала од дома, како што се сомневаше полицијата или ѝ се случило нешто многу пострашно?
(О)Милена | Црнобело