3 нови, напнати трилери кои ќе ви го зграпчат вниманието од првата до последната страница

Овие книги ќе ве освојат со ликовите, заплетот, развојот на дејствието и секако – кулминацијата и крајот.

3-novi-napnati-trileri-01.jpg

Жанрот трилер носи некоја неверојатна магија во себе, способноста да ве држи будни многу часови без да ги задоволите дури и најосновните потреби.

Ќе заборавите на храна, вода и одењето во тоалет додека не ги прочитате докрај:

Жив мртовец - Шерон Болтон

Баш пред мугри, во близина на шкотската граница, 13 патници кои летаат во балон на топол воздух се сведоци на брутално убиство долу на земјата. И во текот на следниот час, сите тие ќе бидат мртви, освен една жена. 

Но, таа го има видено лицето на убиецот, а и убиецот го има видено нејзиното – тој нема да застане додека не го елиминира единствениот сведок на неговото злосторство.

3-novi-napnati-trileri (1).jpg

Саботна бура – Мартине Гласер

Една сабота, кога завршува со работата во супермаркетот, тинејџерката Каси се враќа со велосипедот дома каде што живее со мајка ѝ. Брзајќи накај дома за да не ја фати бура, таа е нападната од четири момчиња.

Едниот од нив е Едвин, синот на најмоќниот човек во селото. Додека се обидува да избега од напаѓачите, се искачува до замокот на ридот каде што сама живее една чудна жена. Децата ја викаат вештерка…

3-novi-napnati-trileri (2).jpg

Поранешниот ти - Луиз Вос

Лин се откажала од работата од своите соништа кога се омажила за Ед, љубовта на нејзиниот живот. 10 години подоцна на Ед му е дијагностицирана рана деменција и почнуваат да се случуваат неверојатно чудни работи.

Како што некои сеќавања се заборавени, други, пак, долго заборавени, испливуваат на површината… Идиличниот свет на Лин полека се урива.

3-novi-napnati-trileri (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg