Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За повеќе мотивација и самодоверба - Менсон, Шин, Хил, Робинс...

 Првиот и последниот месец од година секогаш поседува посебна тежина. Таму се крие некоја одлучност што нè мотивира да се подобриме себеси, да одвоиме време на суштинските работи во животот и да влеземе од една во друга календарска година со нови видици и пред сè предизвици.

za poveke motivacija i samodoverna menson shin hil robins 1

Преживеаното искуство многу зборува за секој човек поединечно, но пред да се препуштиме на нови остварувања, одвојте време и прочитајте туѓи приказни и мотивирачки параграфи.

Наведените принципи делуваат кај секого различно, но сигурно од стотина страници може да се препознае нешто што ќе ја разгори искрата во вас.

Во зависност од период, многу наслови во светот стануваат глобален тренд.

Веројатно има и зошто е тоа така и зошто „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон е продадена над 3 милиони примероци.

Претходно сите ни зборуваа дека треба цело време позитивно да размислуваме, што според Менсон е тотална будалаштина.

Неговите книги се освежување, токму поради тоа што не тера да ги запознаеме сопствените ограничувања и да ги прифатиме.

za poveke motivacija i samodoverna menson shin hil robins 3

Да се вратиме сега на еден многу стар наслов, кој за прв пат се појавил во 1925 година.

Станува збор за книгата „Играта на животот и како да ја играш“ од Флоренс Сковел Шин. Авторот до сега има инспирирано илјадници луѓе, ако и ти бараш некаков вид на мотивација, предади се на страниците на ова четиво.

Тој зборува дека љубовта и добрата волја ги отстрануваат сите препреки на нашиот пат, па можеби ова е стартната позиција од каде што треба да тргнеш.

za poveke motivacija i samodoverna menson shin hil robins 6

Од авторот на „Мисли и збогати се“, постојат и други наслови, кои се исто така добри и функционални.

Една од нив е книгата „Навики за успех“ од Наполеон Хил, кој се навраќа на веќе докажани принципи за стекнување на животни добра: здравје, среќа и пари.

Секако, за да се извлече нешто од сите совети треба да се повлечат старите убедувања и да завладеат новите. Прочитајте ги начелата и верувањата кои менуваат живот.

za poveke motivacija i samodoverna menson shin hil robins 5

Редно време е да се разбудиме и да ја преземеме контролата врз својот живот. Така? Е па книгата „Разбудете го џинот во себе“ од Тони Робинс веќе три децении се смета меѓу најзначајните книги за самопомош и мотивација.

Оние што веќе се промениле, служат како вистински пример дека не треба под никоја цена да се препуштаме на безличното секојдневие. И само ние самите може да создадеме ни помалку, ни повеќе туку неверојатен живот за кој сонуваме.

za poveke motivacija i samodoverna menson shin hil robins 4

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg