Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три моќни книги за силни жени кои нема да ги заборавите

Време е за нови наслови кои ќе ви ги исполнат есенските дни. Овој пат имаме 3 книги кои раскажуваат моќни приказни за силни жени.

Tri-mokjni-knigi-za-silni-zeni-01.jpg

Сите сме слушнале за Алберт Ајнштајн, но зарем не сакате да ја прочитате приказната од малку поинаков агол, онаа на неговата сопруга? Какви се последиците од една сурова војна? И за крај, дали би ги избришале спомените на кои не сакате повеќе да се сеќавате?

Што добро може да прочитате во следниот период?

Милева Ајнштајн, теорија на тагата - Славенка Дракулиќ

Дракулиќ на публиката ѝ е позната по феноменалната „Фрида – или за болката“. Овој пат ја пренесува приказната на Милева Ајнштајн, која тукушто пристигнува со своите синови во Берлин.

Нејзиниот сопруг, Алберт Ајнштајн, најславниот научник на 20 век започнува со нова работа, а таа ќе добие писмо кои ги диктираат условите за нивниот меѓусебен живот.

Во теорија на тагата, разоткриена е Милева, генијална математичарка, првата жена на Политехничкиот факултет на Универзитетот во Цирих, секогаш различната и поинаква Милева Ајнштајн родена Мариќ, од богато војводинско семејство.

 Опишани се моменти од најраната младост до смртта на оваа неверојатна жена.

Tri-mokjni-knigi-za-silni-zeni (3).jpg

Таа ноќ ја видов - Драго Јанчар

Младата и убава буржујка од Љубљана, Вероника Зарник, е вплеткана во силниот вртеж на бурниот историски период, пред и за време на Втората светска војна.

Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет ликови, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија.

Времиња што ги проголтувале не само луѓето со различни убедувања вклучени во историските случувања туку и оние што живееле на маргините на ваквите настани и кои не го разбирале во целост тоа што се случувало околу нив – едноставно, само сакале да живеат. 

Опфатено е и мистериозното исчезнување на Вероника… што се случило со неа?

Tri-mokjni-knigi-za-silni-zeni (1).jpg

Часови по заборав - Нермин Јилдирим

Извонреден роман за љубовта и срцето, умот и мечтите. Ако имавте можност да ги избришете миговите од вашите животи од кои се срамите, моментите што ве растажиле, или се случиле не по ваша желба, колкумина од вас би го избрале овој метод?

Помнењето на човекот е покриено од заборавот. „Часови по заборав“ ве води низ најдлабоките води на љубовта, мината и сегашна, во бездната на срцето.

И тогаш почнувате да се прашувате - дали и вие би ги избрале овие часови, ако имате можност да ги избришете миговите од вашите животи од коишто сте се срамеле, мигови што ве растажувате и не се случиле по ваша желба?

Tri-mokjni-knigi-za-silni-zeni (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Најдобрите љубовни романи на сите времиња (според кои се снимени и филмови) Можете да прочитате некои од безвременските љубовни класици, или пак да им дадет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg