4-те книги што му го промениле животот на Џорџ Клуни

Џорџ Клуни засекогаш ќе остане познат по неговите неверојатни актерски способности и неговиот шарм. Добитникот на два Оскари, три Златни глобуси и на наградата АФИ за животно дело, изминал долг пат од неговата позната изведба во серијата „ER“.

4-te-knigi-shto-mu-go-promenile-zhivotot-na-george-clooney-001.jpg

Тој се нашол на листата на Time помеѓу 100-те највлијателни луѓе на светот и неретко ја користи неговата популарност за да направи промена во светот.

Покрај сето ова, Џорџ Клуни е и страсен читател.

Во продолжение погледнете ги книгите за кои тој тврди дека го инспирирале и му го промениле животот:

„Мандарина“ - Кристин Манган

Иако Клуни нема изјавено зошто ја сака оваа книга, неговата филмска компанија, Smokehouse Pictures, направи филм според книгата на Манган.

Филмот, во којшто главната улога ѝ припаѓа на Скарлет Јохансон, ја опишува врската помеѓу две пријателки. Додека едната напредува во животот, другата пријателка стои во место и тие немаат разговарано цела година.

Сето ова води до многу драма и важнa лекција за женските пријателства.

„Американскиот век“ - Харолд Еванс

И овојпат не е познато зошто Клуни ја сака книгата, но бил забележан неколку пати како ја носи со себе.

„Американскиот век“ е книга што бара време, кога ќе се земе предвид дека содржи стотици анкети чија цел е да помогнат во разбирањето на американскиот сон.

Самиот Клуни е жив доказ дека движењето напред и успехот се возможни, па не ни чудно што сака да научи повеќе за оваа тема.

„Ловци на богатство“ - Роберт М. Едсел и Брет Витер

Ова е уште една книга според која Клуни има направено филм. Имено, тој сакал да направи интересен филм, а оваа приказна навистина му се допаднала - книгата раскажува помалку позната приказна од Втората светска војна.

Доколку сте љубител на историјата, ова четиво без сомнение ќе ви се допадне. Ќе дознаете за војниците на Хитлер кои ги барале и ги краделе најдобрите уметнички богатства во Европа.

Оваа книга ќе ве запознае со дел од Втората светска војна за кој речиси не знаете ништо.

„Квака 22“ - Џозеф Хелер

Изгледа дека оваа класика е омилената книга на Џорџ Клуни. Тој бил еден од режисерите за истоимената серија на Hulu и го опишал проектот како нешто на коешто многу се гордее.

Оваа сатирична новела е сместена во Италија за време на Втората светска војна. Книгата ја раскажува приказната на младиот војник Јосаријан, во навистина апсурден свет.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg