Во светот на бајките на браќата Грим

Пепелашка, Црвенкапа, Снежана, Заспаната убавица, речиси сите имаме слушнато за овие познати бајки. Поминаа повеќе од 200 години откако за прв пат биле издадени Бајките на браќата Грим, а истите сè уште ги фасцинираат децата.

Vo svetot na bajkite na brakata Grim 01

До сега се направени многу адаптации, од анимираните цртани филмови на Дизни до модерните верзии на овие познати приказни.

Јакоб Грим и Вилхелм Грим биле германски филолози, лингвисти и собирачи на германското народно творештво.

Најпознати се по своите збирки од сказни и бајки, наречени Бајките на браќата Грим, покрај ова се сметаат за основачи на германската филологија и германистика. Влезете во светот на бајките на браќата Грим.

Првата збирка на приказни се состоела од колекција на бајки и саги. Браќата не ги пишувале овие приказни, туку ги собирале. Еден од нивните извори била и Anete fon Drozte Hilshof, која им ги раскажувала приказните од слугинките, селаните и пастирите.

Иако им кажувале дека приказните ги дознавале од селаните, многу од нивните информатори биле луѓе од средната класа или аристократи. Некои од информаторите биле Хугеноти по потекло и ги раскажувале приказните со потекло од Франција.

Целта на браќата била да го разберат и истражат развојот на народните бајки. Своите ракописи ги пишувале за науката, а бајките никогаш не биле наменети за децата. Вилхелм Грим ги обработувал приказните, им додавал логика и дејствие.

Токму со ова го поставил коренот за сите бајки – приказни за добро и зло.

Vo svetot na bajkite na brakata Grim 02

Доколку крајот на приказните бил премногу страшен, Вилхелм го менувал. Па така ловецот ја ослободува Црвенкапа од утробата на волкот и сл. Бидејќи овие приказни никогаш не биле наменети за деца, Вилхелм бил запрепастен што децата толку многу ги сакале нивните приказни.

Имено, воопшто не им пречеле ужасните детали во приказните. За нив од клучното значење била јасната разлика меѓу доброто и злото, а токму тоа е она што ги карактеризира Бајките на Браќата Грим. Добрите се спасуваат, лошите се казнуваат, а секоја бајка има лекција на крајот.

Vo svetot na bajkite na brakata Grim 03

Во 1812 година ја објавиле збирката „Kinder- und Hausmärchen“, збирка од 86 германски бајки. Вториот том, со 70 бајки, го објавиле во 1814 година, со што било комплетирано првото издание на збирката со 156 приказни.

Приказните во збирката се организирани хронолошки, според настаните, регионот, тематски, според секое суштество и историски.

Најпознатите приказни на браќата Грим се „Пепелашка“ (Aschenputtel), „Принцот жаба“ (Der Froschkönig), „Јованче и Марика“ (Hänsel und Gretel), „Златокоса“ (Rapunsel), „Румпелстилцхин“ (Rumpelstilzchen), „Заспаната убавица“ (Dornröschen), „Снежана“ (Schneewittchen), „Бременските музиканти“, „Сламката, јагленчето и зрното грав“, „Храбриот кројач“, „Волкот и седумте јариња“…

Vo svetot na bajkite na brakata Grim 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg