Зошто книгите да ги користите како анти-стрес терапија и бегство од грижите?
Читањето книги е корисно од многу аспекти - релаксира, го збогатува вашиот речник, ве прави подобри оратори, а има и докажани здравствени бенефити.
Дури и кога ви се чини дека немате време да прочитате неколку страници, обидете се да го направите тоа. Искористете го секој слободен момент за читање.
Ова се петте придобивки кои ги имате од читањето:
Намалува стрес
Колеџот во Сасекс проучувал различни методи на намалување на стресот. Според резултатите, доволно е да читате 6-10 минути во текот на денот за да го намалите стресот за 68%.
Читателите живеат подолго
Со самото тоа што го намалуваат стресот, книгите придонесуваат за поквалитетен живот на читателот, а со тоа и намалување на ризикот на смртност во следните 12 години за цели 20%.
Помош при лечење
Луѓето кои се болни, под тешки терапии или се соочуваат со некоја лоша болест, често читаат книги за да се релаксираат. Читањето ги намалува тегобите и душевниот немир.
Подобро памтење
Концентрацијата која ни е потребна за да ги следиме сите ликови помага да се тренира нашата меморија. Затоа и луѓето кои читаат и имаат подобро памтење.
Тренинг на мозокот
Со секоја прочитана страница буквално се зголемува и силата на мозокот. Читањето за умот доаѓа исто како и физичката активност за телото.
Е. Д. | Црнобело