Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три книги кои задолжително треба да си ги купите на претстојниот Саем на книгата 2019 (дел 1)

Интензивно се подготвуваме за новиот Саем на книгата и уште отсега си правиме списоци на книгите кои сакаме да ги купиме со цел да ја подновиме домашната колекција.

3-knigi-koi-treba-da-si-gi-kupite-na-Saem-na-knigata-2019-01.jpg

Започнуваме со првиот дел на предлози кој вклучува 3 сосема различни жанровски книги, но подеднакво интересни и квалитетни:

Човекот по име Уве - Фредрик Бакман

Уве е 59-годишен вдовец етикетиран како сосед од најлошите кошмари. Со години не е претседател на здружението на станари, но тоа не го спречува секое утро да врши инспекција во соседството, тестирајќи ги нервите на сите околу него во населбата.

Уве е лесно избувлив, вечно незадоволен и многу гневен старец. Но, под неговата мрзоволност, педантеријата и гневот се крие една тажна судбина.

Еден ноемвриски ден, Уве добива нов сосед кој случајно му го уништува сандачето за писма. На овој начин започнува една топла приказна за пријателството и влијанието на еден човечки живот врз многу други.

3-knigi-koi-treba-da-si-gi-kupite-na-Saem-na-knigata-2019 (3).jpg

Becoming: Мојата приказна - Мишел Обама

„Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам“.

Некогашната прва дама на САД во својата автобиографија го открива своето потекло, растењето и созревањето. Мишел Обама отворено зборува за Америка, животот, сегашниот миг и иднината.

Што е она што го поседувате и никој не може да ви го одземе? Се разбира, вашата приказна. Дури и кога таа не е толку совршена и убава колку што сакате да биде. Таа е сепак реална. И е само ваша.

3-knigi-koi-treba-da-si-gi-kupite-na-Saem-na-knigata-2019 (1).jpg

Скопје, ти раскинуем - Тамара Јолевска-Попов

Околу четириесетина микрораскази ја врамуваат оваа совршена „џебна енциклопедија“ на љубовта, егзистенцијата во она што имаме обичај да го нарекуваме „урбано“, но и на стравовите и самооткривањето.

Тамара дефинитивно му раскинува на Скопје. Оваа книга им се препорачува на храбрите женски читателки кои имаат „муда од лабуда“ и се подготвени да сфатат дека вистинското љубење започнува кога ги забележуваме мааните кај љубениот.

Што се однесува до машкиот пол, само оние со високо ниво на тестостерон и бестрашен ум ќе успеат да ја сфатат Тамара „од прва“.

3-knigi-koi-treba-da-si-gi-kupite-na-Saem-na-knigata-2019 (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Интересни книги од регионални автори кои нема да можете да ги оставите Приказна за адвокат кој се наоѓа во санаториум, тинејџерска книга која ќе ве зам...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg