Кое е скриеното значење зад бајките?

Треба ли да ги исфрлиме бајките од детскиот свет? Веројатно ниту еден педагог или психолог нема да ви одговори на ова прашање потврдно. Сите се согласуваат дека бајките имаат бесмртна вредност во психолошкото созревање на детето. 

Koe e skrienoto znacenje zad bajkite 01

Бајките им помагаат на децата да ги изградат моралните вредности, да се соочат со стравовите, да се идентификуваат со позитивните херои и да изградат вера во победа на доброто и правдата.

Но, бајките се многу повеќе од тоа.

Самиот факт што постојат веќе илјадници години во сите делови на светот зборува за вредноста која ја поседуваат.

Бајките се симболични приказни кои не му се обраќаат на рационалниот ум, туку на интуитивниот, на несвесниот дел од психата кој може да го прими и препознае скриеното значење на симболот.

Од каде потекнуваат бајките?

Се верува дека изворот на бајките е во народната традиција. Најраните бајки потекнуваат од Египет, се раскажувале во античка Грција, во Африка, Јужна и Северна Америка, Европа, Австралија и Азија.

Најпознатата збирка на бајки, напишана од браќата Грим, излегува во 18 век, со што станува основа за сите последователни збирки.

Собирачите на бајките биле изненадени со фактот што сите приказни содржеле исти теми, иако се работело за различни народи. Неизбежниот заклучок бил дека постои заеднички извор на сите бајки.

Некои истражувачи сметаат дека изворот може да се пронајде во индиските Веди, додека други тврдат дека потекнуваат од Вавилон. Но на крајот овој вид на пребарување на изворот (географски), се покажа како неуспешен, бидејќи таквото место не постои.

Koe e skrienoto znacenje zad bajkite 02

Учењето на Карл Јунг за колективно несвесно носи поинаков пристап во потрагата кон бајките. Во приказните се наоѓаат симболи и теми кои ги наоѓаме во т.н. големи архетипски соништа, како и во легендите и митовите на старите народи.

Вештерки, џинови, џуџиња, кралеви, принцези, се симболичен приказ на силите кои делуваат во природата и во самиот човек. Слично како и митови, бајките се препознаени како форма, канал преку кој колективното несвесно ги пренесува собраните искуства на човештвото.

Настаните во бајките се архетипски ситуации со кои секој човек се соочува во текот на неговиот живот, а начинот на кој главниот лик ги решава проблемите претставува модел на исправно постапување во различни животни ситуации.

Koe e skrienoto znacenje zad bajkite 03

Можеме да претпоставиме дека долгорочното орално пренесување на бајките донекаде ја променило нивната содржина, адаптирајќи се на културата и менталитетот, па е тешко да се стигне до оригиналната верзија на бајката.

Ликовите во бајките не се персонализирани и не ги гледаме како конкретни личности. Во приказните е поважен односот меѓу ликовите и контекстот на приказната. Затоа во многу бајки хероите немаат имиња или се описни, на пример, Црвенкапа, Снежана, Пепелашка.

Главниот херој секогаш има одредена задача која треба да ја изврши. Истата бара напуштање на досегашниот живот и справување со непознатото. Тој бега во шумата, наоѓа скриена просторија во замокот и сл.

Иако по успешното совладување на задачата секогаш постои награда, мотивот што го тера херојот да дејствува не е ниту себична, ниту лична добивка.

Најчестите мотиви се чувство на должност кон кралот, таткото, господарот или потребата да се спаси нечиј живот. Специфично е што главниот јунак нема очекувани карактеристики на херој, тој е најчесто најмалиот, најслабиот, најглупиот, беспомошниот...

Koe e skrienoto znacenje zad bajkite 04

За да ја изврши задачата, херојот се соочува со разни искушенија во кои ќе ги покаже доблестите на скромноста, благородноста и храброста.

Треба да се спомене дека злото не е секогаш непривлечно, колачите се вкусни, јаболкото е црвено и убаво, шумата е полна со цвеќиња. Но само во моментот кога херојот ќе реши да дејствува правилно тој добива неочекувана помош: магиски предмет, зборови, совети и инструкции.

Начинот на кој главниот лик во бајката ги надминува искушенијата и ја извршува задачата нè учи како правилно да делуваме во животот.

За да постигнеме вистинска среќа не смееме да бидеме себични. За успешно да ги надминеме тешкотиите во животот, треба да го смениме и напуштиме стариот начин на живот, размислување и дејствување, бидејќи животот бара од нас постојано да се менуваме и да се развиваме.

Без оглед на тоа колку ни е тешко, само со прифаќање на предизвиците и соочување со проблемите можеме да постигнеме успех и среќен завршеток, како од бајка.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg