Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три нови книги за кога ќе сакате да избегате од реалноста

„Секогаш го замислувам рајот како една огромна библиотека“, ќе изјави Борхес и навистина - зарем има нешто што изгледа поубаво од многу книги на едно место?

3-novi-knigi-za-koga-ke-sakate-da-pobegnete-od-realnosta-01.jpg

Книги кои целосно ќе ве обземат со својата содржина, книги со кои барем за момент ќе избегате од реалноста, селејќи се во светот на страниците исполнети со тајни, страв, возбуда, надеж и многу љубов.

Доколку имате желба да прочитате нешто убаво и квалитетно, нешто што одлично ќе ви го исполни слободното време, ние имаме 3 одлични предлози за вас.

Вагонот со сираци - Пам Џеноф

16-годишната Ноа ја бркаат од дома откако ќе дознаат дека е бремена од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Работејќи како чистачка на железничка станица, еден ден Ноа ќе открие вагон со еврејски бебиња, натоварени за во концентрационен логор.

Присетувајќи се за губењето на своето бебе, импулсивно грабнува едно и исчезнува во ноќта.

Набрзо, Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, а нејзината главна ривалка Астрид ѝ станува пријателка. Но, војната е сурова и опасна. Ќе може ли да го издржат тестот на пријателството или тајните помеѓу нив ќе уништат сè?

3-novi-knigi-za-koga-ke-sakate-da-pobegnete-od-realnosta (3).jpg

Можеби ќе се сретнеме повторно - Роузи Волш

Сара и Еди се запознаваат и поминуваат точно 6 дена заедно. Но, во текот на тие прекрасни 6 дена тие се вљубуваат. Еди заминува на одмор, но ѝ ветува дека ќе ѝ се јави од аеродромот. Но, тој не се јавува.

Пријателите ја советуваат Сара да го заборави, дека сè било само минлива авантура. Но, Сара е решена да ја открие вистината… Што се случило со Еди?

3-novi-knigi-za-koga-ke-sakate-da-pobegnete-od-realnosta (2).jpg

Девојките од песочниот замок - Крис Бохџалијан

Во 1915 година, Елизабет пристигнува во Алепо, Сирија како волонтер. Ерменскиот геноцид го уништил семејството на младиот инженер Армен. Кога тој заминува од Алепо во Египет со цел да им се приклучи на британските трупи, почнува да ѝ пишува писма на Елизабет.

Армен полека сфаќа дека е вљубен во неа и доколку не ризикува и не се обиде да ја пронајде, ќе ја загуби засекогаш.

Години подоцна, Армен ја запознава Лора, писателка од Њујорк. Лора никогаш не му придавала огромно значење на своето ерменско потекло. Но, едно патување целосно ќе ѝ го смени животот, откривајќи семејни тајни закопани длабоко во минатото.

3-novi-knigi-za-koga-ke-sakate-da-pobegnete-od-realnosta (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg