Што да прочитате на плажа ова лето? (прв дел)

Сезоната не летни одмори започнува, а ретко кое уживање може да се спореди со читањето книги на плажа, особено за вистинските вљубеници во пишаниот збор.

Sto-da-procitate-na-plaza-ova-leto-01.jpg

По некое, пак, непишано правило, најмногу книги успеваме да прочитаме токму додека сме на одмор.

Доколку се подготвувате за летниот одмор, а немате идеја што да прочитате, ние ви ги нудиме првите три предлози за на плажа:

Каде е Елизабет – Ема Хили

Мод е стара жена која полека го губи сеќавањето. Сепак, еден момент од минатото не може да го заборави – исчезнувањето на нејзината најдобра другарка Елизабет.

Убедена дека е во страшна опасност, Мод полека ги составува измешаните коцки од нејзините сеќавања. Таа испишува белешки со цел да не заборави ниту еден детаљ кој може да ја однесе до вистината за исчезнувањето на Елизабет.

Никој не е на нејзина страна, ниту сопствените деца, негувателките, ниту полицијата.

Менталната потрага по Елизабет станува опсесија за Мод, а сеќавањата од минатото испливуваат на површина, меѓу кои и мистериозното исчезнување на нејзината сестра Суки по Втората светска војна.

Дали е можно овие две настани да се на некој начин поврзани? Што се случило со Суки? А каде е Елизабет?

Sto-da-procitate-na-plaza-ova-leto (2).jpg

Тајната сопруга - Џил Пол

1914 година: На моќната Русија ѝ се заканува пропаст, исто како и на семејството Романови. Војвотката Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но нивните животи се во опасност.

102 години подоцна Кити Фишер открива ужасна тајна поради која ќе пребегне од Лондон во Америка. На брегот каде што е сместена колибата на нејзиниот прапрадедо таа ќе пронајде парче накит кое ќе ја одведе до закопана семејна тајна.

Овој роман кој патува низ времето, спојувајќи делови од историјата, раскажувајќи приказни за љубовта и борбеноста, ќе ве воодушеви со вешто испреплетената приказна која нема да сакате да заврши.

Sto-da-procitate-na-plaza-ova-leto (3).jpg

Црвена како крв - Сала Симука

Авторката и преведувачка Симука е родена во 1981 година. Финската авторка стана книжевен феномен веднаш по објавувањето. Трилогијата Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) е преведена во повеќе од 50 земји во светот, меѓу кои и на македонски јазик.

17-годишната Лумики Андерсон во своето училиште пронаоѓа куп банкноти, илјадници евра испрскани со крв.

Лумики живее осаменички живот, многу поинаква од другите околу неа. Живее сама во мир, уверена дека минатото е зад неа.

Но, пронаоѓањето на парите е нов момент кој го менува мирниот осаменички живот на Лумики. Наскоро таа е вовлечена во опасна игра на корумпираност и криминал додека се обидува да остане жива.

Sto-da-procitate-na-plaza-ova-leto (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Што читаа познатите Македонки на плажа во лето 2024? Што читаа познатите Македонки на плажа ова лето? Кои се нивните книжевни препора...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg