Романот на годината според Амазон + 2 други наслови кои ќе ви го украдат сето слободно време
Првата новела на Селест Инг доживеа интернационален успех. Се најде на листата на бестселери на магазинот New York Times и прогласена е за најдобрата книга на Амазон за 2014 година.
Преведена е над 40 јазици во светски рамки, а истата конечно е достапна и на македонски јазик.
Оваа, како и другите 2 книги кои ги препорачуваме со сигурност ќе ви го украдат сето слободно време:
Сè што никогаш не ти кажав - Инг Селест
Лидија е мртва. Но, тие сè уште не го знаат ова.
Оваа извонредна новела започнува со приказната за кинеско семејство кое живее во Америка во ’70-тите години во Охајо.
Лидија е омиленото дете на Мерилин и Џејмс Ли и родителите се решени дека таа ќе ги исполни сите соништа кои за нив биле недостижни.
Кога телото на Лидија ќе биде пронајдено во локалното езеро, започнува тивкото разорување на семејството кое ги води во хаос.
Неверојатно инспиративна и потресна приказна за семејството, тајните и надежта. Страниците се вртат самите, откривајќи ја деликатната и често пати неразбраната врска помеѓу мајките и ќерките, татковците и синовите и сопружниците.
Двојката од соседството - Шари Лапена
Роман полн неизвесност, измама, дволичност и неверство.
Ен и Марко Конти се навидум совршеното семејство. Но, за време на една вечера кај соседите се случува ужасно злосторство.,
Сомнежот веднаш паѓа врз нив, родителите. Детективот Резбак се сомнева дека испаничената двојка знае многу повеќе отколку што се обидува да покаже пред полицијата.
Превезот на вистината започнува да се открива. Набргу, и Ен и Марко сфаќаат дека кријат страшни тајни еден од друг.
Совршеното семејство почнува да се разобличува со сета своја измама и морничавост која ја носи со себе.
Љубов низ солзи - Вера Лилчиќ
Низ неколку трагични приказни, Вера Лилчиќ пишува за храброста на жените, љубовта на мајките и колку е важна поддршката од страна на семејството.
Млада самохрана мајка која работи како келнерка се обидува дa му даде на своето дете пристоен дом и живот исполнет со љубов и грижа.
Една сообраќајна несреќа ќе одземе невин детски живот поради невниманието на неговите родители, кои не можат да го стават своето малечко пред нивните караници.
Една 18-годишна девојка која е отфрлена од своето семејство ќе го остави своето бебе на клупа и ќе си го одземе животот.
Потресни приказни исткаени со многу емоции и прашања, но и многу љубов низ солзи.
(О)Милена | Црнобело