Емоционална писменост - тунел со светло на крајот!
Емоционална писменост е извор на лична моќ од незаменливо значење за успех во денешниот свет. Во оваа книга се прикажани по метода чекор по чекор, конкретни вештини за учење на емоционалната писменост – интелигенција со срце!
Даниел Големан ни укажа на тоа дека интелигенцијата не е само IQ. Клод Стајнер не учи како да ја развиеме таа интелигенција на срцето, без која IQ е празно.
Код Стајнер во оваа книга успеал да кондензира дваесет години искуство во подучувањето на релативно едноставни, многу ефикасни методи за справување со ужасно сложени психолошки ситуации. Ако доволно голем број од нас го совладаат овој нов јазик, ќе го промениме светот.
Оваа книга има непроценливо значење не само за развивањето на емоционалната писменост, туку и за писменоста во партнерските односи, за совладувањето на вештините кои се неопходни за односи засновани на партнерство а не на доминација. Книгава претставува неопходна алатка за учење на емпатијата, на одговорноста и на способноста за изразување на емоциите врз основа на заемно почитување.
Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.