„И така ви велам“... 3 книги кои едноставно мора да ги прочитате

Типична англиска драма која ги исмева високите аристократки кругови. Стилот на Оскар Вајлд во фокусот кој ветува незаборавно книжевно уживање.

I-taka-vi-velam-3-knigi-koi-ednostavno-mora-da-gi-procitate-01_copy.jpg

Префинето четиво кое зборува за соништата и надежите кои ги вложуваме во иднината. Моментот кога мислиме дека исполнувањето на одредена замисла ќе ни ги подреди сите коцки во животниот мозаик.

И конечно – хуморот на Монти Пајтон низ автобиографијата на еден од главните ликови кои стојат позади брендот.

Некои книги едноставно мора да бидат прочитани. Ова се три такви:

Една неважна жена - Оскар Вајлд  

Оскар Вајлд е просто брилијантен автор. Како тој ја дефинира жената?

„Никогаш не треба да ѝ се верува на жена која ја кажува својата вистинска возраст. Жена која би го кажала тоа, би му кажала сé на човека.“

Оваа драма која ја исмева англиската аристократија има огромен број светски изведби и две филмски адаптации. Публиката која ја исмева патем била и првата која ја погледнала претставата и иронично – доживеала огромен успех во Велика Британија.

I-taka-vi-velam-3-knigi-koi-ednostavno-mora-da-gi-procitate-04.jpg

И така, ви велам... - Џон Клиз  

Низ една смешна, провокативна и добро осмилена приказна Џон Клиз ја раскажува личната животна историја. Таа пред сé останато е многу забавна. Приказната за едно младо, срамежливо високо момче кое станува легенда.

Скромните почетоци, сите подеми и падови во светот наречен шоу-бизнис. Комичните обиди на универзитетот Кембриџ во друштво со Греам Чепмен и создавањето на легендарната дружина „Монти Пајтон“.

Младиот надежен комичар станува мајстор на изведбата и се запишува во легендите. Смешно, поетско и луцидно четиво.

I-taka-vi-velam-3-knigi-koi-ednostavno-mora-da-gi-procitate-03.jpg

Кон светилникот - Вирџинија Вулф

За „Кон светилникот“ важи дека e еден од најдобро напишаните романи во книжевната кариера на Вирџинија Вулф.

Овој кус роман нема традиционален заплет. Целата приказна се состои од низа сеќавања, искуства и чувства на ликовите кои се провлекуваат низ дејството.

Сепак, тој зборува за генерално чувство кое го поседува секој од нас – јасно зацртана цел и како да се оствари истата. Но, понекогаш откако ќе ја исполните целта сфаќате дека веќе не ви е дојдено до неа или била сосема неважна...

I-taka-vi-velam-3-knigi-koi-ednostavno-mora-da-gi-procitate-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg