Книги по вкусот на Барак Обама – препораки за читање на поранешниот претседател на САД

Претседателот Обама покрај многубројните успеси, ќе биде запаметен и по неговата љубов кон книгите.

knigi-po-vkusot-na-barak-obama-preporaki-za-citanje-na-poranesniot-pretsedatel-na-sad-001.jpg

Неговата пасија за читање започнала уште за време на факултетските денови, а за магазинот „Rolling Stone“ изјавил дека една од книгите кои најмногу го инспирирале во животот е „За кого бијат камбаните“ од Ернест Хемингвеј.

Knigi-po-vkusot-na-Barak-Obama-02.jpg

Кои книги се по вкусот на поранешниот претседател? Изборот е преголем и подолен во неколку секции според различни критериуми.

За жал, не сите се достапни на македонски јазик, но го пренесуваме целосниот список доколку некој има желба да ја прочита книгата во оригинал, како и оние кои се достапни на нашиот мајчин јазик.

Книги за ќерките

На прашањето кои книги за читање ги препорачува Обама на неговата 18-годишна ќерка Малија, поранешниот претседател на САД ги дава следниве предлози:

The Naked and the Dead, Norman Mailer

One Hundred Years of Solitude, Gabriel García Márquez

The Golden Notebook, Doris Lessing

The Woman Warrior, Maxine Hong Kingston

Единствената достапна книга на македонски јазик е ремек-делото на Габриел Гарсија Маркез – 100 години самотија. Приказната која бележи 7 генерации на кланот Буендија населени во гратчето Макондо провлекува една голема вистина: Не можеш да избегаш од историјата која се повторува. Во случајов, таа е трагично-комична и првенствено самодеструктивна.

Knigi-po-vkusot-na-Barak-Obama-03.jpg

Книги за во лето

Barbarian Days: A Surfing Life, William Finnegan

H Is for Hawk, Helen Macdonald

The Girl on the Train, Paula Hawkins

Seveneves, Neal Stephenson

The Underground Railroad,Colson Whitehead

Девојката од возот - Пола Хокинс 

Рејчел е алкохоличарка која се бори со својата зависност и траумата предизвикана поради разводот со сопругот. Таа секојдневно патува со истиот воз кој поминува покрај куќата каде што живеела некогаш. Нејзиниот поглед секогаш води кон брачна двојка која изгледа идилично среќно. Сé додека еден ден, Рејчел не види нешто што ја промени целосната перцепција како за среќниот пар, така и за нејзиното проблематично минато.

Knigi-po-vkusot-na-Barak-Obama-04.jpg

Омилени детски класици

Treasure Island, Robert Louis Stevenson

Of Mice and Men, John Steinbeck

The Great Gatsby, F. Scott Fitzgerald

Where the Wild Things Are, Maurice Sendak

Knigi-po-vkusot-na-Barak-Obama-06.jpg

Островот на скриеното богатство – Роберт Луис Стивенсон

Авантуристичката новела на Стивенсон е проткаена со возбуда и адреналин. 6-те дела на книгата ја откриваат потрагата по скриеното богатство, а мапата за нејзината точна локација му припаѓа на младиот Џим Хокинс. Бродови, капетани, пирати и приказна за трансформацијата на мало детенце во зрело момче.

Глувци и луѓе – Џон Стајнбек

Ова е еден од најдобрите куси романи во американската книжевна литература. Џорџ и Лени се пријатели за време на Големата депресија во САД, кои и покрај сиромаштијата сонуваат за парче земја и сопствен дом.

Тие се вредни и добри, но по малку наивни луѓе кои наскоро ќе се соочат со сета неправда, цинизам и трагичност на општеството. Изгубени во лавиринтот на материјализмот и алчноста како некои глувци, живеат офрлени и на маргините со сонот кој повеќе од очигледно е недостижен.

Големиот Гетсби – Френсис Скот Фицџералд

Не се познати многу детали околу минатото на Гетсби. Важно е само неговото богатство и гламурозните забави кои ги прави во својот раскошен дом. Но, сите пари и сето богатство се само поради една причина – повторно да се освои љубовта на неговиот живот, прекрасната Дејзи Бјукенен која сека му припаѓа на друг маж. Трагична љубовна приказна која ќе ве растажи.

А како изгледа листата на најомилените книги на Обама?

Moby Dick, Herman Melville

Self-Reliance, Ralph Waldo Emerson

Song Of Solomon, Toni Morrison

Parting The Waters, Taylor Branch

Gilead, Marylinne Robinson

Best and the Brightest, David Halberstam

The Federalist, Alexander Hamilton

Souls of Black Folk, W.E.B. Du Bois

The Power and the Glory, Graham Greene

The Quiet American, Graham Greene

Cancer Ward, Aleksandr Solzhenitsyn

Gandhi’s autobiography

Working, Studs Terkel

Wealth of Nations, Adam Smith

Theory of Moral Sentiments, Adam Smith

All the King’s Men, Robert Penn Warren

Моби Дик од Херман Мелвил

Класичното дело Моби Дик е визионерски роман-енциклопеција која е пред своето време. Полн со симболика, бродот Пиквод со претставници од различни култури, вери и раси е обид да се претстави светот, а ловењето китови е всушност човековата потрага по вистини и сознанија.

Ахав е капетанот на бродот кој тргнува да му се одмазди на големиот бел кит кој му ја одгризал ногата. Во целата трагична одмазда настрадуваат и капетанот и посадата на бродот, а единствениот преживеан е раскажувачот Исмаил кој е сведок на трагедијата и настаните.

Knigi-po-vkusot-na-Barak-Obama-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg