Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


ЉУБОВ на кориците - 3 книги кои ќе ве исполнат со нежни чувства

Љубовта, вечна тема, неицрпна инспирација и опсесија на писателите си го пронајде патот во овие 3 книги кои ви ги препорачуваме за читање.

Ljubov-na-koricite-3-knigi-koi-ke-ve-ispolnat-so-nezni-cuvstva-01.jpg

Студеното време има способност да нè направи тмурни и по малку тажни, но страниците исполнети со љубов несомнено ќе ви го стоплат срцето.

Време е за ЉУБОВ, испишана во следниве облици:

Љубов во ранетата земја – Џин Сасон

Џоана Ал-Аскари е главната хероина во овој исклучителен роман кој го отсликува страдањето и геноцидот на Курдите. Базиран според вистинска приказна, Џоана е упорна, по малку тврдоглава и храбра млада жена, која се бори за слобода и љубов. Оваа потресна приказна раскажана во прво лице нема да ве остави рамнодушни, а патот од Багдад до Курдистан ќе почувствувате како да го чекорите заедно со неа.

Ljubov-na-koricite-3-knigi-koi-ke-ve-ispolnat-so-nezni-cuvstva-02.jpg

Љубов во време на колера – Габриел Гарсија Маркез

Колку може да трае вистинската љубов? За Флорентино Ариза таа брои 50 години, 9 месеци и 4 дена. Тој повторно ќе ѝ ги изјави своите чувства на неговата младешка љубов Фермина Даса, веднаш по погребот на мажот за кој таа се одлучила да се омажи. Ова е љубов на долги патеки, тажна и истовремено комична, која плете искрена приказна со допадливи ликови.

Ljubov-na-koricite-3-knigi-koi-ke-ve-ispolnat-so-nezni-cuvstva-03.jpg

Еднаш одигравме љубов – Елена Конеска

Љубовта ретко е слатка, повеќе би се согласиле дека е слатко-горчлива, нечесна, полна разочарувања, но тоа е она што ја прави реална.

Светот на 30-годишната хероина во романот ќе се преврти наопаку, откако на првото служебно патување таа ќе се вљуби во млад португалски писател. Она кое започнува како романса, а продолжува со љубовна врска на далечина, завршува со големи очекувања и разочарувања од истите. Но, патот на емоционалното созревање никогаш не е послан со рози, зарем не?

Ljubov-na-koricite-3-knigi-koi-ke-ve-ispolnat-so-nezni-cuvstva-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg