Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мали книги со голема вредност, за деновите кога ви се чита нешто под 100 страници

Одредени луѓе сакаат да читаат одвреме-навреме, но се заморуваат од стотици страници и понекогаш бараат пократки книги, но со подеднакво квалитетна содржина како и оние подолгите.

Mali-knigi-so-golema-vrednost-za-denovite-koga-vi-se-cita-nesto-pod-100-stranici-01.jpg

Овие три предлози се доказ дека квалитетот не секогаш мора да биде поткрепен со квантитет.

Сите три книги се читаат во едно попладне или една вечер и ветуваат неверојатна содржина и многу прашања кои ќе ве поттикнат на размислување:

„Приказна за господин Зомер“ – Патрик Зискинд

Германскиот писател Патрик Зискинд е автор на култниот роман „Парфем“, па тоа од прилика треба да ви зборува за колку квалитетен автор станува збор.

„Приказна за господин Зомер“ е куса новела која раскажува дел од детството на едно момченце, но не може да ја етикетираме како наивна, детска книга.

Сите го познаваат, но никој не знае ништо за таинствениот г. Зомер. И да врне и да вее, тој едноставно оди по патот во друштво на неговиот празен ранец и долгиот стап, како прогонуван од нешто или некого.

Малото момче едноставно се опседнува со него, сè додека мистериозниот господин Зомер не исчезне...

Mali-knigi-so-golema-vrednost-za-denovite-koga-vi-se-cita-nesto-pod-100-stranici-02.jpg

„Кротка“ – Фјодор М. Достоевски

Кнут Хамсун во една прилика изјавил дека „Кротка“ е мала книшка за читање, но „за сите нас е премногу голема за да ја достигнеме“.

Строг маж кој себеси во љубовта се сфаќа како доминантен или потчинет и кротка жена која не знае како да се поврзе со него.

Следуваат низа непријатни настани кои ќе ви отворат дилеми на темата самоубиство и неговото (не)оправдување, како и вечното прашање за смислата на животот и љубовта...

Mali-knigi-so-golema-vrednost-za-denovite-koga-vi-se-cita-nesto-pod-100-stranici-03.jpg

„Волшебник“ – Владимир Набоков

Овој кус роман е последниот напишан на руски јазик од Набоков, пред тој да замине во Америка.

„Волшебник“ најубаво се опишува како зачеток на неговиот маестрален роман „Лолита“.

Набоков совршено ја започнува приказната за мало девојче кое станува предмет на обожување и љубов на еден постар човек.

Mali-knigi-so-golema-vrednost-za-denovite-koga-vi-se-cita-nesto-pod-100-stranici-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg