4 животни лекции на кои нè научи Алиса во земјата на чудата

Мистеријата со која е обвиена детската книга „Алиса во земјата на чудата“ е повеќеслојна.

4-zivotni-lekcii-na-koi-ne-nauci-alisa-vo-zemjata-na-cudata-01.jpg

Се вели дека авторот Луис Керол ја напишал книгата додека бил под дејство на дрога, а Алиса навистина постоела и била неговата недостижна Лолита, бидејќи бил вљубен во неа, без разлика на огромната разлика во години.

Без оглед на сè, „Алиса во земјата на чудата“ останува една од најомилените детски книги, бидејќи приказната е прекрасна од толку многу аспекти, која слично како и „Малиот принц“, нè тера да ја читаме повеќепати и секогаш да дојдеме до истиот заклучок, дека и двете се многу повеќе од книги за деца.

Едноставно, какви и да биле причините за пишување на книгата, нејзината магија не може да се изгуби.

Ова се 4 лекции на кои нè научи генијалното дело на Луис Керол:

Why, sometimes I’ve believed as many as six impossible things before breakfast.

Понекогаш помислувам дури на 6 невозможни работи пред појадокот.

Голем дел од луѓето се сериозни, одговорни, имаат постојано обврски, жонглираат со времето и денот им е испланиран до последен детаљ.

Целиот тој притисок и загриженоста нè претвораат во роботи, па понекогаш забораваме на магијата која ја нудат сосема обичните нешта во животот. Забораваме да се смееме, да сонуваме и да веруваме во невозможни нешта.

Но, во земјата на чудата не важат тие правила.

Доколку само малку се опуштиме и си дозволиме себеси да се однесуваме будалесто, ќе почнеме да ги забележуваме сите можности околу нас, ќе се охрабриме, а тоа ќе ни ја врати надежта и светлината во животот.

А што има лошо во тоа да си помислиш неколку невозможни работи уште пред да појадуваш? „Сакам да се унапредам“... „Сакам да добијам поголема сума пари“... „Сакам да се вљубам“.

Ништо не е невозможно е крајниот заклучок.

Alice: Would you tell me, please, which way I ought to go from here?
The Cheshire Cat: That depends a good deal on where you want to get to.
Alice: I don’t much care where.
The Cheshire Cat: Then it doesn’t much matter which way you go.

Можете ли да ми кажете ве молам, по кој пат да одам?

Тоа во голем дел зависи каде сакаш да стигнеш.

Не ми е многу важно каде ќе стигнам.

Тогаш не е ниту најмалку важно по кој пат ќе тргнеш.

Немаме насока, немаме цел, а сепак се прашуваме зошто никогаш не постигнуваме ништо во животот.

Необичниот сплет на зборови во дијалогот помеѓу Алиса и чеширската мачка всушност открива многу едноставна вистина. Доколку сакаш да ја дознаеш насоката по кој треба да чекориш, пред сè останато треба да знаеш КАДЕ сакаш да одиш. Во спротивно, го трошиме времето, потенцијалот и животот вртејќи се дезориентирано во круг.

4-zivotni-lekcii-na-koi-ne-nauci-alisa-vo-zemjata-na-cudata-02.jpg

Alice: How long is forever?
White Rabbit: Sometimes, just one second.

Колку трае вечноста?

Понекогаш, само една секунда.

Времето е релативно, особено во земјата на чудата. Но, кога добро ќе размислиме, зарем не е така и во реалниот живот? Понекогаш, дружбата која трае само 15 минути може да биде многу поквалитетна и покорисна од десетневното постојано дружење. Она што сте го доживеале и ве допрело и променило можеби траело многу кратко, но сеќавањата на моментот може да ве топлат цел еден живот. Еден момент може да смени сè и да ве обликува во подобра личност.

4-zivotni-lekcii-na-koi-ne-nauci-alisa-vo-zemjata-na-cudata-03.jpg

Do you think I’ve gone round the bend?
I’m afraid so… you’re mad. Bonkers... but I’ll tell you a secret… all of the best people are.

Мислиш ли дека полудев?

За жал да... ти си луд. Откачен... но ќе ти кажам тајна. Најдобрите луѓе се такви.

Сите имаме свои „жолти“ минути. Сите имаме каприци и сите на некој свој начин – сме луди. А такви сме какви што сме заради животот, кој нè обликувал како пластелин. Понекогаш се однесуваме лудо и откачено, но вистината е дека секој од нас има брилијантни идеи и доколку нешто сме наумиле, можеме да го оствариме.

Ние луѓето сме прекрасни суштества, но понекогаш го забораваме тоа. Секојдневието полека ја убива магијата во секој од нас.

Гледани од страна, сметаме дека останатите околу нас мислат дека сме откачиле и сме полуделе, па поради тоа си ја замолчуваме инспирацијата и креативноста.

Да престанеме да се плашиме од спонтаноста, од гласноста, од сопствениот потенцијал.

Ако некому му изгледаме луди – негов проблем.

Алиса од земјата на чудата ни порачува:

Никогаш не престанувајте да сонувате.

Никогаш не престанувајте да верувате.

Никогаш не велете за нешто дека е невозможно.

Па крајно време е да ја послушаме.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...
Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти “Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg