Книга со загатки каде секоја страница мора да биде решена за да преминете на следната

Постојат книги кои се тешки за читање и бараат максимална концентрација, но само неколку ја имаат тежината на „Codex Silenda“.

Kniga-so-zagatki-kade-sekoja-stranica-mora-da-bide-resena-za-da-preminete-na-slednata-01

Зошто? Бидејќи таа нема да ви дозволи да преминете на следната страница сè додека не ја решите загатката на страницата која ја читате.

Рачно изработената книга се состои од 5 дрвени страници и е дело на индустрискиот дизајнер Брејди Витни.

„Секоја страница содржи посебна загатка која бара од читателот да биде правилно решена за да може да продолжи со читање на следната страница“ – објаснува тој. „Како што читателот ги „отклучува“ страниците, започнува да ја отклучува и приказната која раскажува за еден ученик од работилницата на Да Винчи кој го криптирал самиот Кодекс. 

Во приказната Кодексот служи како стапица поставена од Да Винчи за да провери дали во работилницата има шпиони, сè со цел да ја заштити неговата работа.“

Доколку и вие сакате да имате еден ваков примерок, регистрирајте се на листата за чекање на „Kickstarter“, бидејќи очигледно голем број луѓе се заинтересирани за оваа книга.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Што читаа познатите Македонки на плажа во лето 2024? Што читаа познатите Македонки на плажа ова лето? Кои се нивните книжевни препора...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg