Махабхарата, Гилгамеш, Беовулф: Најдобрите епски песни
Современите поети имаат тенденција да избегнуваат епски стилови во поезијата. Сепак, не може да се оспорува фактот дека многу од нив биле под големо влијание на овие песни.
Ова е листа на најдобрите познати епски песни од пред 20-от век.
Дон Жуан, Лорд Бајрон
Ова е долгa, сатирична песна, базирана врз легендата за Дон Жуан, кого Бајрон го менува од женкар во некој лесно заводлив од страна на жените. Се работи за варијација на епската форма. Современите критичари оваа песна генерално ја сметаат за ремек-дело на Бајрон. Песната не е завршена, бидејќи Бајрон починал пред да го напише крајот.
Изгубениот рај, Џон Милтон
Ова е епска песна напишана од Џон Милтон, поет од 17-от век. Песната првично била објавена во 1667-та година, во десет книги. Песната зборува за јудео-христијанската тематика, искушението на Адам и Ева од Сатаната и нивното протерување од Едемската градина.
Махабхарата, Вјаса
Махабхарата има повеќе од 74.000 стихови и околу 1,8 милиони зборови. Се работи за една од најдолгите епски песни во светот. Махабхарата има огромно значење за културата на индискиот потконтинент и е голем текст за хиндуизмот. Се обидува да го објасни односот на поединецот во општеството и светот, како и кармата.
Беовулф, Анонимен автор
Се работи за старо-англиски херојски еп од анонимен автор, кој датира помеѓу 8-от и 11-от век. Најчесто се наведува како едно од најважните дела на англо-саксонската литература. Беовулф е предмет на многу научни истражувања, теории, шпекулации... Познат е и по својата должина. Во песната, херојот Беовулф се бори против три антагонисти: чудовиштето Грендел, мајката на Грендел и неименуваниот змеј.
Метаморфози, Овидиј
Ова е поема која го опишува создавањето и историјата на светот. Се работи за едно од најпопуларните дела на митологијата, а имала и големо влијание на средновековната поезија.
Епот за Гилгамеш, Анонимен автор
Се работи за епска песна од античката Месопотамија која е едно од најраните познати дела на книжевната фикција. Научниците претпостават дека се работи за сумерските легенди и песни за митолошки херој-крал Гилгамеш. Приказната се врти околу односот помеѓу Гилгамеш, кралот кој станува обесхрабрен од неговото владеење и неговиот пријател Енкиду. Големиот дел од епот се фокусира на мислите на Гилгамеш за животот и смртта, а голем акцент е ставен на бесмртноста.
М. А. | Црнобело