Предлог книги кои Марк Закерберг вели дека треба да ги прочитате
Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, минатата година си поставил цел – да прочита што е можно повеќе книги кои се фокусираат на различни култури, верувања, историја и технологија.
Прочитал 23 книги кои ги препорачува на секого.
Ова е неговиот избор:
1. „The Muqaddimah“ од Ibn Khaldun
The Muqaddimah значи „вовед“, а напишана е во 1377-та година од историчарот Калдун. Има за цел да ја прикаже историјата на што е можно пообјективен начин.
2. „The New Jim Crow“ од Michelle Alexander
Книга напишана од правен професор кој вели дека афроамериканците дури и да се невини, често завршуваат во затвор, а кога ќе излезат на слобода се третирани како граѓани од втор ред.
3. „Why Nations Fail“ од Daren Acemoglu и James Robinson
Авторите велат дека постојат два типа на влада, една која употребува сила за да се спроведе моќта на неколку избрани луѓе и втората, која создава отворени пазари каде граѓаните имаат можност слободно да ги инвестираат своите пари.
4. „The Rational Optimist“ од Matt Ridley
Една од најпопуларните книги која тврди дека пазарите се тие кои го одредуваат прогресот на човештвото и затоа важно е истите да бидат што е можно послободни.
5. „Portfolios of the Poor“ од Daryl Collins, Jonathan Morduch, Stuart Rutherford и Orlanda Ruthven
Овие научници ги проучуваат најсиромашните луѓе во Индија, Бангладеш и Јужна Африка.
6. „World Order“ од Henry Kissinger
91-годишниот Кисинџер ги анализира сфаќањата за тоа што е империја и политичка моќ и како модерната глобална економија предизвикува агресивни судири меѓу нив.
7. „The Varieties of Religious Experience“ од William James
Филозофот Џејмс истражува луѓето ја употребуваат религијата како извор на значење и суштина на животот, давајќи им смисла и цел на постоење.
8. „Creativity, Inc.“ од Ed Catmull
Покажува како треба компаниите да ја поттикнуваат креативноста на своите вработени за да бидат што е можно поуспешни.
9. „Sapiens“ од Yuval Noah Harari
Ја следи еволуцијата на човекот.
10. „The Structure of Scientific Revolutions“ од Thomas S. Kuhn
Филозофска книга напишана од физичар – зборува за еволуцијата на науката и какво влијание има на модерниот свет.
11. „Dealing with China“ од Henry M. Paulson Jr.
Оваа книга го опишува начинот на кој кинеската економија пораснала и како ја надминале сиромаштијата.
Уште 12 предлози на следната страна...