8 книги кои треба да ги прочитате пред да наполните 30 години
Книгите не се секогаш само начин на забава и пополнување на слободното време помеѓу многубројните обврски.
Голем број од нив имаат важна улога во вашиот живот - едни ќе станат ваши водичи низ животот, други ќе го обликуваат вашиот поглед кон светот, а трети ќе ве повлечат во сосема нова насока по која никогаш не сте ни помислувале дека ќе тргнете.
Периодот меѓу адолесценцијата и раната зрелост е можеби времето од животот во кое книгите можат ви бидат најдобар пријател кој ќе ви нуди совети како да продолжите кога ќе паднете на дното или кога ќе се почувствувате осамено и тажно, но и ќе ви понудат голем број на информации кои од вас ќе направат вистинска сестрана личност и млад интелектуалец.
Токму ова е листата на книги кои секој од нас треба да ги прочита пред да наполни 30 години, заедно со коментари на читатели кои се воодушевени од делата:
1. „Плодови на гневот“, Џон Стајнбек
„Не знам за ниту една друга книга со толку елегантна проза и потрогателно обојување на сликата.“
2. „На патот“, Џек Керуак
„Доколку сакате да патувате. Доколку сте доволно луди. Ако пиете алкохол, пушите или се дрогирате а дури и ако не, дозволете ми да ви ја претставам оваа фантастична книга.
Оваа книга е само за луѓе кои се водени од нивната страст, лудост и желба да го живеат животот.“
3. „Дневникот на Ана Франк“, Ана Франк
„Оваа книга ќе ви раскаже што значи болка, страдање, љубов, соништа, омраза и возбуда на една млада Еврејка која поминала две години во криење, а подоцна била убиена во концентрационен логор.“
4. „Ловец на змејови“, Халед Хосеини
„Халед Хосеини ќе ве воодушеви со неговата моќ за раскажување. Ве уверувам дека штом ќе почнете да ја читате оваа книга нема да сакате да ја оставите ни за миг. Мислам дека никој до сега не успеал да го опише Авганистан толку добро како Хосеини.“
5. „Жената на патникот низ времето“, Одри Нифенгер
„Обично не сакам љубовни приказни, но ова е еден романтичен роман кој го обожавам.“
6. „Последниот Монголец“, Вилијам Далримпл
„Доколку сте биле заинтересирани барем малку за историјата на Индијците, ова е книга која треба да ја прочитате. Дава многу увиди информации за Индија и за битката од 1857 година.“
7. „Малиот принц“, Антоан де Сент Егзипери
„Најверојатно книга која прв пат треба да ја прочитате уште како дете, но откаке ќе навлезете во неа таа е доказ за најголемата моќ во пишаниот збор, камен-темелник на вашето разбирање на универзумот.“
8. „Последното предавање“, Ренди Пош и Џефри Заслов
„Бидејќи ова последно предавање ќе остане врежано во вашите глави засекогаш.“
М. С. | Црнобело