Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Читајте повеќе: 4 совети како да пронајдете повеќе време за омилената книга

Книгите се духовно богатство. Освен што го развиваат мозокот, тие имаат и функција на смирување. Па, зошто веднаш не започнете нешто да читате?

chitajte-povekje-4-soveti-kako-da-najdete-povekje-vreme-za-omilenata-kniga-01.jpg

Наместо да наоѓате изговори, еве како да најдете време да седнете да читате:

1. Исклучете го телефонот

Смартфоните се смрт за книгите. Иако времето поминато гледајќи по Фејсбук и Инстаграм изгледа минимално, реалноста е дека жртвуваме часови и часови скапоцено време додека се ѕвериме во малите екрани. Ако намалите со проверувањето на социјалните медиуми вашиот мозок ќе посака креативна и продуктивна забава. А, подобар избор од добра книга - нема.


2. Искористете го автобусот

Многу луѓе во светот читаат додека патуваат од едно место на друго. Без разлика дали одите на работа или се враќате, патот до таа дестинација е одлично време како да прочитате неколку страни од омилената книга.


3. Употребете ја паузата на работа

Читањето книги ќе ви го намали стресот и ќе ви ги наполни батериите. Откако ќе прочитате неколку страни, вашиот мозок ќе биде подготвен да се соочи со сите предизвици со кои треба да се справите. Ќе се опуштите и ќе се релаксирате. А, тоа е токму она што ви треба на работа.


4. Читајте пред да заспиете

Најуспешните луѓе во светот читаат книги токму пред да заспијат. Ако заспивате со телевизор или листајќи на компјутерот или телефонот, тогаш вашиот сон може да се наруши. Ако заспивате со добра книга, имате шанси да имате поздрав сон, а дури и да сонувате поинтересни нешта.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...
6 книги од домашни автори, по препорака на македонски вљубеници во читањето Македонските букстаграмџии, односно вљубеници во читањето кои имаат свои книжевн...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
„Лисица“ и уште 2 книги од Дубравка Угрешиќ кои вреди да се прочитаат Сте прочитале ли некогаш некоја книга од Дубравка Угрешиќ? Ако не, време е да се...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg