Предлог книга: „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман

Кога ладното време надвор ве тера да се завиткате во нешто топло и да земете шолја чај покрај себе, не заборавајте на вашиот најверен пријател – книгите.

predlog-kniga-sekjavanje_na_ljubovta_od_alison_ricman-01.jpg

„Сеќавање на љубовта“ е книга која ќе ве натера повторно да верувате дека постои вистинската љубов, чиста, искрена и безвременска.

Заснована на вистинската приказна за двајца млади евреи кои љубовта ги спојува, но сепак животот и војната се испречуваат меѓу нив, градејќи ѕид кој се чини дека е невозможно да се сруши.

Родена како најстара ќерка во едно скромно еврејско семејство Ленка наследува од мајка си извонреден талент за сликање и сонува еден ден да стане позната сликарка. Запишувајќи се на сликарската академија во Прага го запознава Јозеф, братот на една од нејзините најдобри пријателки од академијата.

Љубовта започнува да се вселува во нивните срца и да создава една навидум совршена приказна, но одеднаш се појавува и војната и со својот виор успева за само еден момент да ја растргне љубовта на два сосема различни краја на светот.

Дали е можно да го продолжите животот затворени меѓу четири ѕида без никаква верба дека еден ден можеби ќе бидете повторно среќни? Можете ли да верувате дека животот ви го одзел најважното нешто, а вие сепак чувствувате дека тоа е тука? Дали ќе дозволите некој да ви ги залечи раните кои војната толку многу ги отворила што мислите дека никогаш нема да зараснат? И дали верувате во магија на љубовта, дека можеби после многу, многу години личностите кои сте ги закопале во минатото магично ќе воскреснат појавувајќи се во сегашноста за да ви покажат дека љубовта е посилна и од војната, и од суровоста на светот и од најголемите далечини?

Препуштете и се на приказната и не заборавајте љубовта навистина е посилна од сè.  

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 одлични книги за празничниот период „Тајлер О’Нил е поранешен шампион во скијање кој има само една мисија – да напра...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со п...
3 одлични книги од турски автори (што се читаат во еден здив) Ви препорачуваме ова лето да одвоите време и да прочитате некои од овие 3 книжев...
3 книги кои вреди да ги прочитате (и за кои ќе размислувате со денови) Книги наменети за оние на кои книгите им се лек за душата и кои сакаат четива шт...
3 одлични романи за на плажа (наменети за романтични души) Сонце, вода и добра книга. Ви препорачуваме 3 одлични изданија, што можете да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg