4 криминалистички романи од Агата Кристи кои ќе ве освојат со својот заплет
Доколку немате слушнато сè уште за неа, време е да ја запознаете Агата Кристи, една од најпознатите и најдобрите писателки.
Агата Кристи позната под псевдинимот Мери Вестакот и е Британката која го освои светот со мистериозните, најчесто криминалистички романи кои ве заробуваат во својот заплет, а водушевуваат со крајот.
Ова се 4 од тие романи кои ќе ве остават со отворена уста и ќе ве натераат да ги прочитате повеќе пати.
1. „Куќата на злото“
Љубовна приказна во која се случува убиство на дедото на зетот, односно сопругот на англичанката Софија. Таа заедно со нејзиниот сопруг ќе направи сè за да дознае кој го убил нејзиниот сакан дедо, но при таа нивна истрага на површина ќе излезат многу други неоткриени тајни и мистерии во семејството...
2. „Отворени карти“
Едно убиство, четири можни убијци при играње бриџ. Заплет кој само Агата Кристи може да го смисли и да го отплетка на фасцинантен начин. Убиецот на крајот се открива според неговиот стил на играње бриџ, а кој е тој откријте сами.
3. „Третата девојка“
Млада девојка од Лондон ќе започне да се гледа со сомнителен маж, а веднаш после започнувањето на нивната врска таа исчезнува. Во тој момент започнува заплетот и мистериите во него кои ќе ве освојуваат со секоја следна завртена страница.
4. „Убиството во Ориент Експрес“
Не кажале залудно дека најдоброто секогаш се остава за на крај. „Убиството во Ориент Експрес“ ќе ве освои со својот заплет во кој се раскажува за убиство во воз во кој секој патник ќе изгледа како потенцијален убиец. Кој ќе биде вистинскиот, дознајте сами!