3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март

Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите сакани дами можете да им подарите по една книга, а овој пат издвојуваме 3 жанровски различни изданија, што може да го задоволат вкусот на секоја читателка.

3-knigi-shto-mozhe-da-gi-podarite-za-8-mi-mart-01.jpg

Ако сакате на своите сакани да им подарите некоја романтична приказна, трилер или, пак, убава историска приказна размислете и за овие три предлози.

Книги што можете да ги подарите за 8-ми Март:

„Убава мала сопруга“ – Дарби Кејн

Станува збор за трилер кој ја следи приказната на Лила Риџфилд, а сѐ се врти околу прашањето: „Нели треба мртвиот сопруг да остане мртов?“.

Дејствието се случува во мал идиличен град, кога исчезнува еден студент, но и омилениот професор во средното училиште.

Сите се загрижени за исчезнувањето на професорот, освен неговата сопруга Лила, која има сосема поинаква дилема - таа беше последна што го виде неговото тело и сега го нема...

3-knigi-shto-mozhe-da-gi-podarite-za-8-mi-mart-02.jpg

„Забранети задоволства“ – Елизабет Хојт

Одлична книга за сите обожавателки на историски романси, кои веруваат во моќта на љубовта. Дејствието е сместено во Лондон во 1737 година, а главна протагонистка е леди Хиро Батен, млада дама од аристократските кругови.

Таа е сестра на војводата од Вејкфилд и е свршена за маркизот од Мендевил, за кого смета дека е совршен партнер за неа, иако нема смисла за хумор и е здодевен.

Но, нештата стануваат комплицирани во оној миг кога таа ќе го запознае братот на нејзиниот свршеник - лорд Грифин Ридинг.

Романот ја следи веќе добро утврдената приказна на наивна и невина девојка која паѓа во замката на промискуитетен заводник, но се труди да не падне на неговиот шарм.

Дали Хиро ќе остане доследна на своите ставови или ќе дозволи да им се предаде на страстите и љубовта?

3-knigi-shto-mozhe-da-gi-podarite-za-8-mi-mart-03.jpg

„Ноќниот портрет“ – Лаура Морели

Книга која ќе им се допадне на сите читателки кои имаат „истенчен“ вкус кога станува збор за пишаниот збор.

Книгата има две сижејни линии и обработува две приказни, едната е за создавањето на познатиот портрет на Леонардо Да Вични - „Портрет на дамата со хермелин“ - и втората е за жената што се борела да го спаси портретот од нацистичкото уништување за време на Втората светска војна.

Прекрасна историска фикција, која ги поврзува приказните на 16-годишната љубовница на Војводата од Милано која живеела во 15-тиот век и скромната конзерваторка од првата половина на 20-тиот век, која се бори да го заштити ренесансното ремек-дело од рацете на нацистички лидер.

Две жени кои живеат во различни доба и кои имаат различни борби, а ги поврзува познатиот портрет.

3-knigi-shto-mozhe-da-gi-podarite-za-8-mi-mart-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg