Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин

Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со почеток од 19 часот се одржа промоција на двата нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ од авторката Кристина Краличин пред стотина гости кои присуствуваа на овој настан.

 odrzhana-promocija-na-dva-novi-romani-na-avtorkata-kralichin-02.jpg

Во една пријатна и релаксирана атмосфера промоторите проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска која е уредник на издавачката куќа „Чудна шума“, имаа свое излагање при што се говореше за структурата и содржината на самите романи, но и за едицијата од која тие се дел и којашто ќе следи во следниот неколкугодишен период.

odrzhana-promocija-na-dva-novi-romani-na-avtorkata-kralichin-01.jpg

Делови од романите читаше актерката Дарја Ризова. Од страна на авторката Краличин пред присутните беше објаснето дека се работи за едиција од 14 романи кои меѓусебно се поврзани на еден специфичен и невообичаен начин. Нишката што ги поврзува тие романи лежи во самата содржина на романите, иако темите што се разработуваат се различни, како што се различни ликовите во романите, времето на настаните во кои се одвиваат дејствијата, како и локациите. Токму таа врзаност ја претставува целината на едицијата и е прва таква појава во книжевноста како во нашата држава така и во светски рамки.

Промоторот проф. д-р Ермис Лафазановски истакна дека се работи за специфичен стил на изразување со стилски и јазично богати описи кои ја изразуваат автентичноста на делата и читајќи ги се присетил на случка што му се случила во минатото поврзана со темата на романот „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ со што ја заинтересира присутната публика за аспектот на кој тој пристапил кон ова дело. На крајот од неговото излагање заклучи дека Кристина Краличин е нов книжевен глас и верува дека таа е идната ѕвезда што силно ќе сјае на писателското небо.

odrzhana-promocija-na-dva-novi-romani-na-avtorkata-kralichin-03.jpg

Уредничката Билјана Црвенковска се надоврза на професорот Лафазановски и ѝ постави неколку прашања на авторката Краличин поврзани со нејзиниот автентичен стил на пишување, како настанува миксот на изврзани филозофски и мотивациски сегменти во делата, за планираната едиција од 14 романи, како и за делата кои понатаму ќе следат од неа.

odrzhana-promocija-na-dva-novi-romani-na-avtorkata-kralichin-06.jpg

Авторката Краличин истакна дека се работи за еден серијал што постепено ќе се разоткрива пред очите на читателите како крупен проект во кој нејзините ангажмани во пишувањето ќе бидат на врвно и завидно ниво. посакува да има многу повеќе време и слободен простор за пишување. Тоа е таа битка што редовно ја води додека пишува. По завршувањето на промоцијата авторката започна со потпишување на романите и средба со присутните гости.

Би можело да ве интересира:

Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 романи од омилените автори на Милош Биковиќ Какви книги чита Биковиќ? Кои 3 книжевни дела му се омилени и според него, вреди...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg