Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита

„Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен живот. Неговите романи се повеќеслојни, а под фасадата на (црниот) хумор се кријат длабоки значење кои се во постојан дијалог со времето и средината во кои творел авторот. Предлог три книги од вонвременскиот Кундера...

3-predlog-knigi-od-milan-kundera-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-01.jpg

Чешкиот писател Милан Кундера почина на 11-ти јули 2023-та година во Париз, Франција на возраст од 94 години. Како што соопшти портпаролката на библиотеката Милан Кундера, Ана Мразова, писателот починал по подолго боледување.

Светски познатиот автор кој е најпознат по романот „Неподносливата леснотија на постоењето“ речиси 40 години живееше во егзил во Франција.

Во 1975-та година тој ја напушти Чешка и се пресели во Фрнација, откако беше исклучен од Чехословачката комунистичка партија заради „анти-комунистички активности“, а во 1979-та година му беше одземено чешкото државјанство.

Во 1981-ва година, тој и неговата сопруга Вера станале натурализирани француски жители, а таму тој ќе продолжи да пишува и да твори.

Во родната Чешка одбива да се покори на наметнатите правила да пишува книжевни дела во духот на социјалистичкиот реализам, а неговите филозофски романи, преплетени со доза на хумор и сатира се нешто што потоа ќе ја воодушеви светската публика.

Голем број од неговите романи се преведени и на македонски јазик.

Три предлог книги од вонвременскиот автор што вреди да ги прочитате:

„Шега“

Романот е инспириран од личните искуства на авторот кој двапати бил исклучуван од Комунистичката партија на Чешка, еднаш во 1950-та и вторпат во 1975-та година, заради неговите „анти-комунистички“ активности.

Кундера почнал да ја пишува книгата во 1962-ра година, а конечно била објавена во 1967-мата и брзо постигнала вистински успех, но по „Прашката пролет“ во 1968-ма година и инвазијата на Советскиот Сојуз врз Чехословачка, романот ќе биде забранет на полиците.

„Шега“ ја следи приказната на Лудвик Јан, студент кој живее во Прага во 1950-тите години и е припадник на Комунизмот, а најголема маана му е – смислата за хумор.

Картичката што ѝ ја праќа на неговата девојка треба да послужи како шега, но тој самиот не може да претпостави дека благодарение на својата смисла за хумор ќе биде обвинет во Партијата и ќе биде испратен на идеолошка преобразба да работи во рудник.

Романот важи за современ класик и е една од книгите што задолжително треба да ги прочитате барем еднаш во животот.

3-predlog-knigi-od-milan-kundera-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-02.jpg

„Животот е на друго место“

Напишан оригинално на чешки јазик во 1969-та година романот „Животот е на друго место“ бил објавен за првпат во 1973-та година, на француски јазик.

Дејствата за случуваат пред, за време и по Втората светска војна, а ја следат приказната на младиот поет Jаромил и во овој роман повторно се наметнува прашањето за животот на уметникот во едно ригорозно општество.

Освен тоа, се загатнуваат и прашањата за семејните односи на релација мајка – син и за тоа како нездравите односи меѓу родителите може да се одразат врз децата.

Роман во кој имаме можност да ги проследиме и фантазиите и љубовниот живот на еден млад човек во идеалното доба на својот живот.

3-predlog-knigi-od-milan-kundera-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-03.jpg

„Проштален валцер“

Честопати ја нарекуваат „Сон на летната ноќ“ во чешката литература, а „Проштален валцер“ е токму тоа – приказна за осум различни ликови кои случајно се наоѓаат заедно во едно бањско летувалиште во Чехословачка на почетокот на 1970-тите години.

Слично како и другите романи на Кундера и овојпат станува збор за повеќеслојно четиво, каде под површната приказна која е во форма на комедија и бурлеска се кријат голем број други значења што ќе ве натераат да се замислите.

3-predlog-knigi-od-milan-kundera-shto-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-prochita-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg