11 причини зошто ја обожавам Wednesday Addams
Откако ја изгледав серијата „Wednesday“ на Нетфликс, се вљубив во ликот на Wednesday Addams. Не знам за вас, но мене ми е мистична, магична, посебна... 11 причини зошто таа е лик што не се заборава.
Лично мене кога ќе видам опис „натприродно“ на серија некако не ме влече, но ја изгледав „Wednesday“ на Нетфликс, поттикната од тоа колку се зборува за неа и оваа серија навистина ме освои од прва епизода.
Забавна, лесна, уникатна, едноставно совршена, со впечатлив лик кој ми стана омилен лик на сите времиња.
Wednesday Addams, готската и морбидна ќерка од семејството Адамс е препознатлива одамна, но со оваа серија стана вирален хит, едноставно со силниот карактер ви влегува под кожа.