10 (биографски) филмови за значајни научници, како Oppenheimer

Radioactive за Марија Кири, но и The Theory of Everything за Стивен Хокинг се само дел од филмовите инспирирани од значајни научници кои го промениле светот.

10-biografski-filmovi-za-znachajni-nauchnici-kako-oppenheimer-01.jpg

Oppenheimer беше огромен хит летово, а сега повторно е топ-тема благодарение на Оскарот за најдобар филм.

Но, ова не е единствениот филм за значаен научник кој вреди да се изгледа.

Секако, дел од овие филмови, иако инспирирани од вистински личности, имаат и по некој измислен дел, но тоа не ги прави помалку вредни за гледање.

Физичари, математичари и антрополози – филмови за познати научници кои го промениле светот:

The Theory of Everything

Емотивниот филм од 2014 година ја раскажува приказната за можеби најпознатиот физичар на денешницата – Стивен Хокинг.

Од неговите почетоци на Универзитетот Кембриџ, преку првите симптоми на амиотрофичната латерална склероза, до огромниот успех што го достигнува, The Theory of Everything е инспиративен филм за животот на физичарот кој на крај ќе ве остави во солзи.

A Beautiful Mind

Филмот е снимен според животот на Џон Неш – добитник на Нобелова награда.

Неш бил математички гениј кој достигнува голем успех на почетокот на кариерата, а подоцна е најмен да дешифрира советски кодови.

Во периодот кога се вплеткува во голем заговор, неговото ментално здравје почнува да страда.

The Imitation Game

The Imitation Game ја раскажува приказната за „таткото на информатичките науки“ – Алан Тјуринг.

Асоцијален, но математички гениј, Тјуринг има задача да ја дешифрира познатата машина „Енигма“ со која нацистите си праќале шифрирани пораки.

Обидувајќи се да го стори тоа, Тјуринг всушност го прави најпрвиот компјутер кој може да се програмира.

The Man Who Knew Infinity

Уште еден филм инспириран од животот на математички гениј.

Шриниваса Рамануџан пораснал во сиромашно семејство во Индија, но отсекогаш бил фасциниран од математиката.

Тој успева да допре до стипендија на Кембриџ каде што ги надминува и најдобрите професори, без разлика што претходно немал официјално математичко образование.

Рамануџан има огромен придонес во математичката анализа и теоријата на броеви, а има најдено решенија за математички проблеми кои со децении се сметале за нерешливи.

Agora

Сместено во Египет, во доцниот 4-ти век, дејството на Agora се фокусира на животот на Хипатија – жена која била математичар, филозоф и астроном.

Таа го истражува геоцентричниот модел според кој Земјата се наоѓа во центарот на универзумот, и смета дека може да го побие.

Хипатија била вистинска личност и една од ретките жени од тој период кои ѝ се посветувале на науката.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“ Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg